Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Бизнисмените едногласни - бизнис-климата се влошува

Состојбата со корупцијата и со уцените кај бизнисмените станале уште позасилени од почетокот на годината

Маја Томиќ



Најголемиот дел од македонските менаџери не се задоволни од бизнис-климата и мислат дека таа се влошила во вториот во однос на првиот квартал од годинава. Состојбата со корупцијата и со уцените кај бизнисмените станале уште позасилени од почетокот на годината, а како полош е оценет и дијалогот меѓу политиката и бизнисот, што предизвикало бавно спроведување на реформите во стопанството.

Тоа го покажале резултатите од анкетата спроведена во 54 компании, пет асоцијации и една општина. Прашалникот содржел 33 прашања, поделени во 3 области, легислатива, макроекономски фактори и компании. Како екстремно лоши биле оценети ефикасноста на државната економија, пристапот до државна помош, компаниските достигнувања, продуктивноста и профитабилноста.

Компаниите се пожалиле и на нередовното сервисирање на јавниот долг кон нив, на неможноста да дојдат до државна помош за време на криза, на се' помалото инвестирање во новите технологии за поквалитетно производство, што е хендикеп за пласманот на домашниот и на странските пазари, а со што автоматски се намалува и профитот кај компаниите.

Како и во првиот квартал, големо незадоволство бизнисмените и сега покажале за макроекономските фактори. Само на едно од вкупно 11 прашања дале позитивен одговор. Негативни биле оценките и за владината економска политика и достапот до информации, а испитаниците одговориле со најмногу негативни одговори на прашањето за еднаков пристап пред законот. Околу 70 отсто од менаџерите дале оценка од минус 2. Втори најлоши оценки имало за прашањето за пристап до финансиите, каде што негативна вредност од минус 2 дале 51 отсто од испитаниците, а оценка од минус 1 дале 48 отсто од нив. Овие негативни одговори би можеле да бидат поврзани со економската криза што ја зафати земјава, се констатира во извештајот од прашалникот спроведен во рамките на ИДО-проектот за истражување и мерење на индексот на деловното опкружување. Тој започна во Македонија во првата половина на 2010 година, во партнерство меѓу бизнис алијансата на Словачка (БАС) и Конфедерацијата на работодавци.

Лошиот квалитет на инфраструктурата е втората главна пречка за развој на бизнисот, оцениле испитаниците. Околу 70 отсто од нив одговориле со минус 2 на прашањето за квалитетот на инфраструктурата, исто како и во прашалникот за првиот квартал од 2010 година. Значително полошо е оценета ситуацијата со кредибилноста и финансиската дисциплина меѓу бизнис-партнерите. Има и екстремен пад до пристапот до државната помош. Најголемо влошување на ситуацијата имало и во компаниските достигнувања, продуктивноста, профитабилноста и во ликвидноста, како и во приливот на пари и остварувањето на обврските.

Менаџерите оцениле дека има подобрување кај легислативата, даноците и инвестициите, што се должело на реформите во платниот систем и намалувањето на давачките за придонеси. И новините во Законот за работни односи биле позитивно оценети. Во последниот период имало и подобрување во ефикасноста на администрацијата, употребата на едношалтерскиот систем и добивањето разни дозволи.

Целта на прашалникот од ИДО-проектот е да се добијат информации за главните бариери што го кочат развојот на компаниите, што ќе биде барометар за подобрување на квалитетот на бизнисот.


#
Статијата е прочитана 590 пати.

Испрати коментар

Од: Zoran
Датум: 31.07.2010 00:14:38
Se zalat stalno edni isti "gazdi" a poveketo se onie koj za bespari uspeaa da si gi prisvojat fabrikite sto gi gradese narodot. Sega neznaejki kako da rabotat, baraat povtorno drzavata/narodot da im dava i da im plaka. Nauceni se da rabotat po svoe, Zakon za niv da ne vazi, danoci da ne plakaat(do den denes na Singo mu otkrivaat deka nikogas danok ne plakal), Bankite stalno da im davaat krediti,a nikogas da ne gi vrakaat, tenderi da dobivaat samo oni....Toa zavrsi,pa sega Cacko im e kriv sto bilo kriza. Kriza e, snaogajte se kako sto se snaoga cel narod.Kaj za bespari prisvoivte se, sega uste i neznaenjeto li treba ovoj narod da vi go plaka.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 31.07.2010 09:06:25
Корупција и уцена на бизнисмените? Па јас мислев дека тоа е нормално..А ова рекетов...ова државниов бил оној за тениските игралишта? Сеуште не ми е јасно за каков рекет се зборува по државава и за државава.Но дека на стопанството не му цутет рози одамна е познато...а сега и има да се начекаат на исплата од страна на државата...Напред економијо...Но на дното на Европа сме...А не бевме...Кај е тука развојот..Или се должи на портокалово-розовите окалки???

Најди! во Утрински
Економија
Фејсбук“ во трка за најпосакуван работен простор
Сите ги чекаат најтазе милионерите
Во јуни турбо се летало над македонското небо
Пари за пругата кон Бугарија дури во 2012
Граѓаните се убедени дека нема да штедат
Српската валута падна до нов рекорд
Сертификат ИСО 9001