Затоплуваат односите меѓу арапските земји
БЕЈРУТ - Сирискиот претседател Башар ал Асад и кралот Абдула на Саудиска Арабија ќе направат заедничка посета на Либан. Тоа е права посета на земјата од страна на Асад од 2005 година кога Сирија беше принудена да ги повлече своите сили по убиството на премиерот Рафик Харири. Двајцата лидери се загрижени дека тензиите би можеле да се зголемат ако, како што се зборува, трибуналот на ОН осуди членови на движењето Хамас за атентатот на Харири.
Во четвртокот тие ветија дека заеднички ќе работат за да помогнат да се стабилизира ситуацијата во Либан. Хезболах е главниот сојузник на Сирија во Либан, додека Харири имаше блиски врски со Саудиска Арабија. Неговиот син, Саад, сега е премиер на Либан.
Асад и кралот Абдула се верува дека се орудие за ставање крај на петмесечниот застој што му претходеше на формирањето влада на единство, вклучувајќи го и Хезболах, во Либан во ноември минатата година. Односите на Либан со Сирија во најмала мера се комплицирани од убиството на Рафик Харири, по што уследија големи антисириски демонстрации и беше ставен крај на 29-годишното воено присуство на Сирија во земјата, а сето тоа се случи во 2005 година. (Би-Би-Си)
|