ЛАРА СТОУН
Го тужи „Плејбој“

Холандската моделка го тужи француското издание на списанието „Плејбој“, кое во својот јунски број објави фотографии во топлес без нејзина дозвола. Дваесет и шестгодишната Лара Стоун, покрај списанието, го тужи и неговиот фотограф Грег Лотус, кој ја фотографираше минатата година. Холандската супермоделка тврди дека „Плејбој“ немал право да ги објави нејзините разголени фотографии.
„Тоа не е списание во кое би сакала да се појавам. Чувствувам дека немам други опции освен да преземам одредени мерки за да го зачувам својот углед“, изјави Лара, која во мај се омажи за британскиот комичар Дејвид Вилијамс. |