Сертификат ИСО 9001:2008
„Електрани на Македонија“ се стекна со сертификат за квалитет откако во своето работење целосно го имплементира системот за управување во согласност со стандардот ИСО 9001:2008. Како што соопшти компанијата, по извршената проверка на системот за управување со квалитет, Меѓународната акредитирана сертификациска куќа „СГС Београд“ даде препорака за издавање сертификатот, а нејзиниот директор, Маринко Укропина, вчера му го врачил сертификатот на Влатко Чингоски, генерален директор на ЕЛЕМ. „Овој сертификат има огромна важност не само за нашата компанија и за Македонија туку и за регионот. Ќе покажеме дека ЕЛЕМ работи според најновите корпоративни светски стандарди“ изјави Чингоски. (Ек.Р.)
|