Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.02.2013, 17:40

Дополнителни избори за дополнителен хаос

Ваквите избори ќе ја зголемат политичката нестабилност, бидејќи според пропорционалниот модел, невозможно е тие да се одржат, оценува професорот Саво Климовски

ТатJана Поповска


Независно од тоа дали премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе се согласи на предвремени парламентарни избори или не, многу веројатно е дека над 1,7 милиони избирачи годинава ќе имаат право повторно да гласаат за свои претставници во републичкото Собрание. Ваков развој на политичката криза, во која влезе државата по настаните на 24 декември, станува се' поизвесен, откако пратениците на СДСМ и сите кандидати на нивните изборни листи најавија дека ќе достават нотарски заверени изјави дека се откажуваат од пратеничкиот мандат.

Дали со оваа постапка социјалдемократите и нивните приврзаници ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори се' уште е неизвесно, иако веројатноста за тоа е многу мала. Но, она што ќе го предизвикаат, а со што се согласуваат и во ВМРО-ДПМНЕ е дополнителниот хаос и политичка конфузија, што ќе настане во државата. Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека нема да отстапат од одлуката „да не му ги исполнуваат желбите на Црвенковски и да распишуваат парламентарни избори на секои две години“. Децидни се дека ако пратениците на СДСМ и неговите коалициски партнери ги вратат мандатите, тогаш во државата ќе има избори само за 42 пратеника, што треба да седнат на нивно место. Дали на тие избори ќе учествува СДСМ или не, нив не ги интересира. Велат дека изборниот натпревар е право на политичките партии, но не и нивна обврска.

Според кои правила би се спровеле дополнителни избори за само 42 пратеника, како во тој случај ќе се спроведе Донтовата формула, како ќе се определи количникот, возможни ли се дополнителни избори на пропорционалниот модел според кој се избрани актуелниве пратеници, се само дел од дилемите што се појавија меѓу експертската јавност, на кои никој нема конкретен одговор.

Универзитетскиот професор по Уставно право Саво Климовски смета дека актуелната изборна регулатива, но и постојниот изборен модел не даваат простор да се организираат дополнителни или парцијални избори. Тој е убеден дека до тоа нема да дојде.

„Ваквите избори ќе предизвикаат дополнителен хаос, ќе ја зголемат политичката нестабилност, која ќе трае толку долго што ќе дојде време за одржување регуларни парламентарни избори. Дебатата за дополнителните избори, различните толкувања за тоа дали се возможни или не, може да се влече многу долго и да стигне до Уставен суд“, објаснува професорот Климовски и додава дека со овој изборен законик и со пропорционалниот модел дополнителни избори не може да има.

Тој препорачува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да се вразумат, да седнат како одговорни луѓе и да постигнат договор.

„Ако тоа не се случи, на крајот пак ќе седнат на маса доброволно или не и со меѓународни олеснувачи ќе го решаваат проблемот. Но тоа ќе биде на штета на Македонија“, оценува Климовски.

Најавите на СДСМ дека ќе ги вратат пратеничките мандати во ВМРО-ДПМНЕ ги толкуваат како дополнителен обид на опозицијата и на Бранко Црвенковски да внесат хаос во државата.

„На тој начин сакаат да го загрозат угледот на државата внатре, но и во меѓународната заедница. Ние ќе постапиме според законските одредби кои регулираат што ќе се прави во вакви случаи. Право на опозицијата е да ги врати мандатите, не можеме во тоа да се мешаме. Но, тоа не имплицира дека мора да се одржат целосни парламентарни избори. Дополнителните избори се законски регулирана материја и ние ќе се водиме според тие одредби“, вели Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Во партијата на Никола Груевски не сакаа јавно да ги коментираат ставовите на експертите дека нема прецизни одредби според кои би се спровеле дополнителните избори. Објаснуваат дека во тој случај ќе се применат правилата за регуларни парламентарни избори.

Изборниот законик предвидува дека во Македонија може да се спроведат дополнителни парламентарни избори во случај ако пратеник даде оставка од функцијата. Дополнителните избори се распишуваат откако ќе се исцрпи изборната листа од каде што доаѓа пратеникот кој се откажува од мандатот. Во овој случај тоа се сите шест изборни листи на СДСМ. Меѓутоа, Изборниот законик предвидува дека дополнителни избори се распишуваат откако ќе се исцрпат сите основи за за стекнување мандат. Значи, не е прецизирано колку пати треба да се понуди мандатот на сите што се на листата, бидејќи и во законот се споменува можноста откако ќе се исцрпи листата, се почнува од почеток.

Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски објаснува дека во законот е предвидена можноста за дополнителни парламентарни избори, но нема предвидено рокови, начин како тие ќе се спроведат, како ќе се примени Донтовата формула...

„Со постојната регулатива неизводливо е одржување на парцијални избори. Ништо не е дефинирано. Не се знае како ќе се пресмета количникот од Донтовата формула, како ќе се поделат мандатите. Треба да се гласа во сите шест изборни единици, а право на глас ќе имаат сите избирачи. Со оглед дека пратениците се избрани според пропорционалниот модел, тоа е невозможно да се изведе“, оценува Новаковски.

Ќе се гласа во цела држава



Доколку СДСМ се откаже од пратеничките мандати, а владејачката коалиција одлучи да распише дополнителни или парцијални избори само за 42 пратенички места, гласањето сепак ќе мора да се организира на целата територија бидејќи социјалдемократите имаат пратеници од сите шест изборни единици. Во тој случај за првата изборна единица ќе се избираат осум пратеника, за втората седум, а за третата осум народни избраници. Во четвртиот изборен регион СДСМ освоил девет пратенички места, за петтиот осум, а во шестата изборна единица треба да се изберат двајца нови пратеници. На дополнителните избори ќе се избираат 42 пратеника само доколку некој од 120 кандидати на листите на СДСМ не се премисли и не го прифати пратеничкиот мандат.


Статијата е прочитана 1509 пати.


Испрати коментар



Ирска ја услови препораката со решение за кризата
Борците и' се приклучија на Здружената опозиција
Што ветуваат кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Политичарите сакаат службени возила



ez-mani, 06.02.2013 00:17:38
najdobriot demokratichen model za parlamentarni izbori e da makedonija bide edno izbirachko mesto,so ovoj model nepravda ne qe im se nanese nitu na najmalite partiji.a za lokalnite izbori da se primenuva postoechkiot
ФЕЛИКС, 06.02.2013 11:20:57
Има тука едноставно решение за некаков си хаос.Примена на нешто што предходно функционирало.А тоа е исто однесување и примена законите како што се направи 1994г. кога поради легендарната изборна измама сегашната опозиција а тогаш власт владееше без опозиција,дури 4 год.непречено.Сега иста ситуација со бојкот како и тогаш ама сега со сменети актери.Едина разлика што нема да се владее 4 год. туку 2год.и 4 месеца,со нов изборен редовен продолжеток. Политичката сцена во РМ ваква каква што е може ова да го издржи,,но внатрепартиски богами некој ќе ,,бере кожа на шиљак,,
В. Кратовалиев, 06.02.2013 13:55:30
Мандати можат да вратат само 29 пратеника, колку што има СДСМ, а останите 13 се од другите коалициски партнери, па пишманлак секако е можен, како што, и од листата на која се *чекачите*, некој да ја искористи шансата и да го прифати мандатот, па така да не бидат вратени сите опозициски мандати, иако во случајот многу не ги менува работите. А ако чл. 154 од Изборниот законик, предвидува дополнителни избори, тогаш нема причина за сомнеж, изборите да бидат успешно и по законот спроведени, по постапка како и редовните, бидејки се дел од нив.
Ne razbiram!, 06.02.2013 14:04:27
Ne mozam da gi svatam ludjevo, a pred se vlasta, koi od omraza ne gledaat i ne pochituvaat ama bash nishto. Vazno da se Branko i SDSM unishtat, po sekoja cena, pa i propast na Makedonija. Eeej, so site li ste? Vlasta nemashe pravo, a i da imashe, ne smeeshe celata opozicija da ja so kloci izbrka od Sobranieto. Toa e kljuchniot moment i problem, a ne *nedisciplinata* na opozicionerite i ushte pomalku zelbata na Branko. Da se opozicijata vrati vo Sobranieto, neophodni se novi izbori. Vlasta so toj kriminalen chin od 24. ednostavno gi potikna/predizvika. Seto drugo e *Mizi Mitro*! Na kraj od kraishtata, kako rabotite stojat (pari, mediumi, vlast) DPMNE povtorno ke pobedi. Togaj, vo shto e problemot da se tera inaet?
bezanec, 06.02.2013 15:34:13
До феликс ! Кога споменуваш години на случувања ,стави ги на кантар. А бидејки се јавуваш заради јавувања, јас ќе ти речам. На 24.12.2012 година, пратениците од опозицијата беа на сила извлечени и тепани во парламентот. Ако овој аргумент не ви е доволен, бидејки се работи за опозицијата, Зошто новинарите беа на сила извлечени а уште полошо што беше и претседателот на новинарската фела. Што тие згрешија? Не го прашаа Груевски што да известуваат?
Prilepcanec, 06.02.2013 15:54:40
Do Bezanec i Ne razbiram. Na koja snimka vidovte tepanje na pratenicite i udiranje so kloci. Ili toa taka podramaticno vi zvuci. Koga edna grupa na pratenici saka fizicki da se presmeta so pretsedatel na sobranie, normalno e da bide otstraneta od salata. I toa i se sluci ama nikade nema kloci niti udiranje. Nemojte da izmisluvate. Nikoj ne im branese da cukaat, vikaat ili so sakaat drugo da pravat, ama vo nikoj slucaj ne smeat fizicki da napajgaat drug pratenik za da sprecat odrzuvanje na sednica.
Macedonia, 06.02.2013 19:01:28
До Prilepcanec, а и слични како него! Зарем не гледате дека со тоа што се деси на 24-ти (не е битно како изгледало во некои очи и како им „кажале“, иако го виделе), ако ништо не се превземе (како ништо да не се случило) и нема од никого одговорност, во иднина им се овозможува на секоја „владеачка елита“ да го практикува истото (дали исфрлање или „замолување“) и да го применува врз опозицијата (се менуваат улогите, не се „овие“ вечни). Може да се случи (а кај нас обавезно) да Претседателот на Парламентот (по своја проценка) нареди исфрлање на опозицијата поради (пример намигнување или сл.) „наводно“ организирано групирање на опозиција за смислено сценарио за „ПУЧ“ во Собранието (тоа било негово право да ја процени ситуацијата). И ќе се практикува ова до недоглед. СРАМОТА е ова. Еден политичар ова го објасни „не смее ни влакно да му фали на било кој парламентарец, во било која парламентарна држава (изгледа освен нашата), зошто зад него стојат гласачи - народот“.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Облачно

Среда
Грмотевици
Макс: 28°C, Мин: 12°C

Четврток
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Македонски Роми во Њујорк
Ромите од Бронкс, живеат во цврсто-сплотена група од околу 350 семејства, но не сакаат да се експонираат...
За преглед на срце се чека и по три месеци
За министерот Никола Тодоров долгите листи на чекање ги поставуваат лекарите кои го бојкотираат системот...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |