Стартува фекалната на „Алија Авдовиќ“

Градот и ЈП „Водовод и канализација“ стартуваа со изградбата на фекалната канализација на улица „Алија Авдовиќ“ во Општина Гази Баба. Мрежата е долга 745 метри и има профил од 500 милиметри. Таа ќе ги одведува фекалните отпадни води од селата Стајковци и Сингелиќ и дел од населбата Методија Андонов-Ченто што гравитира кон оваа улица. Канализацијата е инвестицијата на ЈП „Водовод и канализација“ вредна 5.923.600 денари. Работите ги изведува фирмата „Беграмо ДОО“ од Скопје. (Сн.К.) |