Бугарите поднесоа жалба за автобусите
Бугарската компанија „Кинг лонг“ вчера поднесе жалба до Министерството за транспорт и врски поради одлуката кинеската компанија „Џенгџоу јутонг“ да биде избрана како најповолен понудувач на петтиот тендер за набавка на 202 двокатни автобуса за Скопје. Венета Мирчева, генерален менаџер во „Кинг лонг“, информираше дека жалбата, генерално, се темели врз нивното незадоволство по одлуката „Кинг лонг“ да се дисквалификува од тендерот, бидејќи не ги исполнила минимум потребните поени од бараните технички и функционални карактеристики на возилата. Притоа бил занемарен фактот дека понудата им е за речиси 5 милиони евра пониска од таа на „Јутонг“, а, всушност, цената според условите на тендерот треба да е пресудна за избор на најповолна понуда. (Дс.Т.) |