Здравје
Карма на нашите клетки е храната

Ако срцето работи добро, белите дробови имаат полн капацитет, а мозокот совршено функционира, сето ова е заслуга на она што го јадете
Ви одговара повеќе слатка или солена храна? Тајната е токму во тоа: да сфатите што му одговара на вашиот организам и на тој начин да ги обновите животните идеи и енергијата.
Кармата на нашите клетки се нарекува храна. Со протеините, гликозата и липидите, кои се наоѓаат во храната, нашиот организам добива аденозин трифосфат, најчест облик на енергија. Храната служи за обновување на ткивото, како што се мускулите и коските, кои секојдневно ги напрегнуваме и ги трошиме. Ако срцето работи добро, белите дробови се со полн капацитет, а мозокот добро функционира, што е заслуга на храната. Одредени производи имаат и фармаколошка вредност. Луѓето кои дневно пијат по седум-осум шолји кафе, го искористуваат кофеинот за подобрување на интелектуалните способности. Но, со тоа му нанесуваат штета на организмот, бидејќи е можно да се јават повеќе хемиски процеси што предизвикуваат стрес.
За прочистување
Повремено е добро да се прочисти организмот: само така нашето тело може да биде во согласност со природата и со нејзините сезонски промени. Но, од каде да се почне? Најдобро е, велат стручњаците, во исхраната да се внесува што повеќе овошје и зеленчук, лесни протеини, мешункасти растенија, а истовремено да се намалат шеќерите и рафинираната и пржена храна. Потребно е да се олесни работата на црниот дроб и жолчката. Затоа е потребно барем неколку недели да се намалат алкохолот, кафето, заситените маснотии, но и месото печено на жар, кравјото млеко, брашното и пивскиот квасец. Овие последни производи може да ги замените со овчо млеко и со интегрален леб. Незаменлив трик за почнување на денот е чаша топла вода со малку лимонов сок. Потоа добро е да се зголеми внесувањето храна богата со антиоксиданси, кои му помагаат на организмот да се ослободи од слободните радикали, кои се најважните причини за внатрешни загадувања. Најефикасен е коктелот од витамините А и Ц, но и селенот, кои се наоѓаат во кивите, портокалите, бананите, шумското овошје и сливите. Добри се и артичоките, бидејќи ја стимулираат функцијата на црниот дроб.
За усогласување
Оваа тајна Кинезите ја познаваат повеќе од 5.000 години, а станува збор за јадења според својата природа. Во секој од нас преовладува еден од петте основни елементи: дрво, вода, оган, метал и земја. Храната во организмот енергетски дејствува на три начини: неутрализира, тонифицира и ги усогласува основните елементи на вашата конституција. Потоа, тајната на доведување на телото во рамнотежа и осигурување на енергијата потребна за функционирање на организмот е во тоа да јадеме храна која е сродна на нашата природа. Но, како правилно да ја избереме? Кај жените со издолжена градба, оние што мечтаат и имаат силна интуиција (дрво) најслаба точка е црниот дроб и за подобро да функционираат мора да консумираат производи со сладок вкус (житарици, бело месо, риби, компир, грашок, тиквички и дуњи) и малку кисела храна. Киселата храна, пак, го усогласува организмот на жените оган, страствени и немирни, кои најчесто имаат проблеми со капиларите. За да го нахранат својот доминантен елемент во исхраната мора да додадат и горчливи продукти како грејпфрут, кафе и чај, кои инаку преовладуваат во исхраната на жената-земја, која има карактеристичен медитерански изглед: раскошни гради и тенденции за дебелеење на бедрата. Во секојдневната прехрана би требало да внесува и малку слатка храна. Кај жената метал (слаби и коскести) основниот принцип е ист како кај жените- земја горчлива храна. Но, се советува и лута, пикантна храна: лук, кромид, феферони, целер, праски, бадеми, пилешко месо и џумбир. Овие продукти се основни кај жената-вода, која би требало да додаде малку сол во својата исхрана, сина риба и маслинки. Научниците предлагаат да јадеме храна од поднебјето во кое се наоѓаме, на тој начин се наоѓа усогласување меѓу храната и организмот.
За стимулација
Тешкотиите при концентрација, ментален замор, слаба креативност може да доведат и до целосно губење на енергијата. Мозокот може да се стимулира со кафе, чај и чоколада, бидејќи содржат кофеин, теофилин и теобромин, супстанции кои ги реактивираат метаболизмот и мозочните клетки, ги зголемуваат интелигенцијата и способноста за концентрација и внимание. Важно е да не се претерува со дозите: се советува четири-пет шолји кафе дневно, во спротивно позитивната стимулација се претвора во немир, кој со себе повлекува негативни влијанија. Месото, како производ со животинско потекло, го подобрува вниманието. Но, тоа не смее да се јаде во доцна навечер, бидејќи може да го наруши сонот. Преголемата количина протеини од животинско потекло го поттикнува рН факторот во крвта, па може да предизвика несоница и тахикардија.
За осветлување
Доволно е да се раководите по бојата: најдобри се производите со жолта и црвена боја, како боровинки, рибизли, малини, црвено вино, домати, агруми, пиперки и моркови. Која е неговата тајна? Богати се со флавиноиди, антоцијанозиди и витамин Ц, кои се основни елементи за микроциркулацијата. Нежната кожа зависи од здравствената состојба на малите крвни садови и нивните интеракции за светлина. Голем дел од светлосните зраци навлегуваат длабоко во кожата и доаѓаат во контакт со микрокрвните садови. Тука се сретнуваат со хемоглобинот во крвта, кој ги апсорбира сите бои, освен црвената: таа се рефлектира на површината и и' дава на кожата здрава боја на праска. Ако, пак, овие микросадови се стегнат се намалува и протокот на крв. Исто така, добро е да се зголеми нивото на калоген, како и еластичноста на кожата незаситена со масните киселини омега-3 и омега-6, кои, пред се', ги има во маслото од соја и од сончоглед. Јадењата треба да се зачинуваат со комбинација од маслиново, сончогледово и ленено масло зачинето со лажица масло од пченични никулци.
За урамнотежување
Јаглеродните хидрати од лебот, чоколадата и од колачиња се природни поттикнувачи на доброто расположение, ја апсорбираат киселината триптофан, која во мозокот се претвора во серотин, кој го развива чувството на добро расположение и олабавување, а го занемарува гладот. Но, важно е да не се претерува, тоа може да доведе до состојба на тромавост и поспаност. Вистинско количина на секој оброк е 100 грама. Најдобро е тестенините и лебот да ги јадеме со свеж зеленчук или интегрални. За трипофанот да се претвори во серотин е потребно присуство на витамини, особено на Б-6, кој го има во интегралната пченица, пивскиот квасец и во маслото од семки. Научниците тврдат дека јаглеродните хидрати се основна супстанција во борбата со претменструалниот синдром, бидејќи тие денови доаѓа до нагло паѓање на серотинот: ете зошто голем дел од жените се чувствуваат потиштено, депресивно и тажно.
Но, ПМС често предизвикува и релативен пораст на естроген. За да се спречи неговото дејствување, доволно е да се зголеми консумирањето на продуктите богати со растителни супстанции, кои хемиски се врзуваат за рецепторите на естрогенот: станува збор за фитоестрогенот кој го има во сојата, гравот, мангото, маслото од ленено семе, интегралната пченица и јачменот. Тие супстанции го крадат просторот од естрогенот, кој организмот на тој начин го елиминира без да предизвика штета. И млекото е силен производ за воспоставување на рамнотежа, некои истражувања покажуваат дека луѓето кои страдаат од депресија многу подобро се чувствуваат при консумирањето млеко, бидејќи во него се наоѓа протеинот алфалакталбумин, посебно богат триптофан, кој е од помош при подобрувањето на расположението. |