Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
08.05.2012, 17:34

И зградите во Центар ќе добијат нови фасади

Oпштината ќе има обврска да постави нова термичка фасада, а станарите да си ја заменат старата и дотраена столарија

Бојан Шашевски


Општинарите од Центар преку Акциониот план за енергетска ефикасност ќе овозможат целосно субвенционирање на реконструкцијата на дотраените фасади на дел од колективните станбени згради на општинската територија. Акцентот на ваквиот проект ќе биде заштеда на топлинската енергија, а второстепено значење ќе има разубавувањето на изгледот на зградите. За реализација на проектот Општина Центар има предвидено 500.000 евра од својот буџет.

Со планираната реконструкција општинарите ќе имаат обврска да стават нова термичка фасада, а станарите ќе си ја заменуваат и обновуваат старата и дотраена фасадна столарија. Општината се договори со непрофитната организација „Хабитат Македонија“ преку која станарите ќе аплицираат за програмски заем за замена на фасадите.

Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на вчерашната презентација на проектот рече дека денеска ќе биде распишана објава за прибирање барања за реконструкција на фасади. Во јавниот повик ќе бидат наведени правото на учество, критериумите, како и начинот на кој ќе можат Заедниците на станари да поднесат пријави.

„Сакаме да им овозможиме на граѓаните подобри услови за домување во смисла на заштеда на енергија, намалување на трошоците и на загубите на топлинската енергија и на штетните влијанија во атмосферата“, рече Тодоровиќ, додавајќи дека право на учество ќе имаат згради кои се постари од 15 години и имаат од 5 до 10 ката.

Според предвидените критериуми, за реконструкција на фасадата ќе можат да аплицираат зградите кои немаат градежни активности во текот на процесот на аплицирање, каде што најмалку 70 отсто од сопствениците на станови се согласуваат сами да ги променат балконските врати и прозорци, како и исто толкав процент станови да се населени во текот на целата година. Конкурсот ќе трае 60 дена.

„Посебно е потребна промената на термичките фасади, бидејќи директно влијае на буџетот на граѓаните. Станарите ќе имаат една третина помалку трошок за греење“, рече Тодоровиќ и потенцира дека нема да има барокни фасади, туку изгледот на зградите ќе остане приближно ист како досегашниот, но со можност за мали измени во боите и, секако, употреба на подолготрајни материјали.


Статијата е прочитана 1875 пати.


Испрати коментар



Нови електрични инсталации
Златни коњи се извишија спроти Собранието
Почнува „Вино-фест“



Itar Pejo, 09.05.2012 00:16:48
Ne mi e bas jasno. Vo opstinata ima sigurno iljadnici zgradi koi sto gi ispolnuvaat uslovite i bi sakale opstinata da im gi napravi fasadite! Da ne treba sami da gi promenat vratite i prozorcite kaj vladini firmi za po 2000evra prozorec?
sarah, 09.05.2012 12:30:05
Hmm drzava pravi privatni fasadi ... super.. nigde nema na svetot vakva raboat - stanarite se odgovroni za zgrardite posto se i soptvenici ama ke bide super ako isto gi porpvat i privatnite avtomobili na opstinska smetka.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Четврток
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Македонски Роми во Њујорк
Ромите од Бронкс, живеат во цврсто-сплотена група од околу 350 семејства, но не сакаат да се експонираат...
За преглед на срце се чека и по три месеци
За министерот Никола Тодоров долгите листи на чекање ги поставуваат лекарите кои го бојкотираат системот...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |