Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Култура
23.04.2012, 16:56

Одбележан Светскиот ден на книгата

„Да се обединиме околу книгата, да ги поддржиме оние што живеат од книгата и со книгата, и кои се чинители таа да живее“, се наведува во пораката од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, која беше прочитана вчера на одбележувањето на 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се одбележа Светскиот ден на книгата, кој годинава е во знакот на преводот. „Нашиот свет има потреба да ја разбере различноста на културите и да развие во свеста кај сите мажи и жени многу повеќе знаења за различните култури и односите меѓу нив. Ние имаме потреба да живееме заедно во хетерогени општества. Нам ни треба здружение да ги откриваме нашите заеднички предизвици“, вели во пораката Бокова.

Македонската порака ја прочита писателот Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература, кој рече дека авторското право е многу важно како креативен и интелектуален труд кој треба да се заштити. „Во суштината на читањето лежи едно себеспознание. Човекот кој чита, особено во ова време на брзи промени што ние го нарекуваме време на транзиција, може да отвори порта која тој не ја знае во себе. Преку читањето може да открие во себе некое богатство за кое не бил порано свесен“, додаде Прокопиев.

На писателката Винка Саздова и' беше доделена наградата најчитан автор меѓу двата меѓународни Саеми на книгата 2011/2012 година, врз основа на одлуката што ја донесе Комисија при НУБ „Св.Климент Охридски“.

Пред присутните вчера се обрати и директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Миле Бошески, потенцирајќи ги напорите на Владата за поддршката и создавањето креативен амбиент во сферата на издаваштвото, книжевното и преведувачкото творештво преку повеќе капитални книжевни проекти. Тој рече дека резултатите се забележителни и последните неколку години голем број автори од Македонија се преведени на странски јазици и се добитници на значајни меѓународни книжевни награди. (К.Р.)


Статијата е прочитана 392 пати.


Испрати коментар



„Окупирај го Драмски“ завршува со Кумановски театар
Изложба инспирирана од небото на Маријана Шијаковска
Шест дена во фокусот на книгата
Ексцентричниот Авнер ќе го отвори „Пaнфиз“
Македонски автори на СФФ
Струга си го бара седиштето на СВП

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
 


Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Понеделник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
„Мојот живот во мастило“ - изложба на фотографии од тетоважи
Изложбата трае до 26 мај и опфаќа 15 фотографии, од кои 5 црно-бели, а 10 во боја...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |