Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Италија во политички превирања

Премиерот Берлускони драматично се раздели со неговиот, некогаш најмоќен централно-десничарски сојузник Џанфранко Фини

РИМ - Италија се најде во политички превирања откако премиерот Силвио Берлускони драматично се раздели со неговиот, некогаш најмоќен централно-десничарски сојузник, доведувајќи ја земјата во ризик за предвремени избори. Во напната низа од настани кои кулминираа во четвртокот ноќта, Берлускони го обвини Џанфранко Фини, моќниот спикер на Долниот дом на парламентот, дека е предавник и конспиратор и дека се обидува да и' зададе "бавна смрт" на нивната партија. По неколкумесечна напнатост, па дури и отворено непријателство меѓу отуѓените конзервативци, партијата на Берлускони објави остар документ во кој го осудува Фини, истакнувајќи дека неговите дејствувања и коментарите веќе не ги одразуваат идеалите на партијата, што тој помогна да се основа.

Берлускони изјави дека овој чекор нема да влијае на стабилноста на неговата двегодишна влада иако се верува дека Фини ги контролира гласовите на околу 50 парламентарци. "Нема никаков ризик", изјави Берлускони на конференција за печатот во четвртокот ноќта. Имаме мнозинство". Меѓутоа, Берлускони би можел да ризикува или да го загуби мнозинството во најмалку еден дом на парламентот или тоа да опадне на опасно мал дел гласови, зависно од бројот на законодавците лојални на Фини, кои формираа нова гласачка фракција.

Левоориентираниот весник "Ла Република" од Рим пишува дака драматичните настани ја турнале владата до "работ на криза". Меѓутоа, ситуацијата предизвикана од, како што истакнуваат коментаторите, де факто имплозија на централнодесничарските партии е без преседан, и без институциски насоки за текот на чекорите во наредните неколку дена или недели. Неколку коментатори вчера јавија дека Берлускони им порачал на неговите помошници дека ако има доволно одбегнати и "ако тие ги отежнат нашите животи", би сакал да се одржат предвремени избори бидејќи е убеден дека неговата партија ќе помине добро без Фини. Весникот "Кориере дела сера" пишува дека начинот на кој Берлускони се однесува кон Фини е толку брутален што разидувањето би било "подмолно за целиот политички систем", и би имало долготрајни ефекти врз единството на централната десница. Берлускони со месеци беше во конфликт со Фини, кој некогаш се сметаше за негов наследник како лидер на централната десница, поттикнувајќи се' поголеми шпекулации дека неговата влада би можела да падне уште пред завршувањето на мандатот во 2013 година.

Во документот со осуда, потпишан од сите освен тројца од 36-те членови на претседателството на партијата Народот на слободата (ПДЛ), Фини се прекорува за позициите и дејствувањата кои биле некомпатибилни со ставот на партијата. Фини, кој ја основаше ПДЛ заедно со Берлускони пред две години, е обвинет дека води "политичка опозиција" во неговата сопствена партија и дека се обидува да и' зададе "бавна смрт" на партијата. Притоа не се споменува исклучување на Фини од партијата, иако многу весници пишуваат дека Берлускони го "истерал".

Фини, поранешен фашист, ја распушти неговата партија Национална алијанса за да ја спои со Форца Италија на Берлускони, откако речиси 14 години го поддржуваше во три претходни влади. Фини го налути премиерот нанесувајќи му удари на тема морал и легалност во владата, и инсистирајќи дека претставниците кои се вовлечени во судски истраги треба да поднесат оставка. Тој, исто така, му помогна на Берлускони да го разводни нацрт-законот со кој се ограничува употребата на уреди за прислушкување од судиите за прекршоци, што исто така би значело строго ограничено известување во печатот за транскриптите од прислушкувањето, чекор што критичарите велат дека би ја спречил борбата против корупцијата. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Затоплуваат односите меѓу арапските земји
Пожари во централна Русија однесоа осум животи
БП по Мексиканскиот Залив ќе дупчи во Медитеранот
Србија сака да ги спречи другите сепаратистички обиди
Мајката ги убивала бебињата во Франција