Излетниците да внимаваат на природата
Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ упатуваат апел до граѓаните што празничните денови планираат да ги поминат во природа, да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за посета во природа, а кои се напишани на информативните табли. Особено апелираат до нив да не палат оган за скара на отворено, бидејќи тоа е строго забрането.
Градските власти ги молат посетителите да не фрлаат отпадоци и да не ги уништуваат видиковците, клупите и кантите за отпадоци на излетничките места Водно, Гази Баба, Градскиот парк, СРЦ Сарај и езерото Треска. Сите треба да бидеме свесни за големото значење на природата, да не ја уништуваме и во вакви празнични денови соодветно да се однесуваме спрема неа, велат од Градот. (Сн.К.)
|