„Македонија без корупција“ стартуваше со 200 пријави
Една недела по стартот на кампањата „Македонија без корупција“ во земјава се регистрирани 200 повици на бројот 199 за пријавување коруптивни случаи, соопшти вчера Владата. „Ова е доказ дека непробојниот стаклен ѕид што ги делеше граѓаните од институциите конечно е пробиен и конечно перцепцијата дека во Република Македонија има реална борба против корупцијата е тука и тоа не е само перцепција, туку е и реалност, рече владиниот портпарол Ивица Боцевски на вчерашната прес-конференција. Тој додаде дека посебно изненадил фактот што во 80-90 отсто од повиците луѓето што пријавуваат коруптивни случаи сакаат да ја достават својата документација до надлежните органи и да соработуваат во истрагата.
ееј грујо кој ќе те пријави тебе кога вешто ги криеш доказите формирата фирми во странство ,а овде кажувате дека реномирана англиска кука се јавила на тндерот за землиштето какј рамстор.До кога ќе го лажеш народор ја знаеш народната на лагата и се кратки нозете.