Екологија
„Невидливи“ шумски хотели

Прво неверните томовци рекоа дека тоа не може да се направи. Кога почна да се пишува за речиси невидливата дрво-куќа, што ќе се изгради во Шведска од страна на „Tham и Videgard“, коментарите беа дека тоа е компјутерски генерирано разубавување, смрт за птици.
Архитектите изградија една од шестте единици во „Treehotel”, која се наоѓа на 40 милји јужно од арктичкиот круг во Шведска.
На четири метри стакло коцката изгледа спектакуларно, а Кент Линдвал, косопственик на „Treehotel“, изјавува:
„На шумскиот хотел се' ќе се гледа - дрвјата, птиците, облаците, сонцето, се'. Така треба да биде невидлив и да остане во шумата“.
А што се однесува до птиците, Линдвал изјавува дека специјалниот филм што е видлив за птиците ќе биде применет и на стакло.
Прозорците се изработени од одржливо дрво, имаат електрично озрачено подно греење и „пријателски“ тоалет.
Во прво време тоалетот не беше екопријателски. Користеше многу електрична енергија, создаваше бучава и непријатно мирисаше. Но, можеби со време сето тоа ќе се подобри.
Сопствениците велат дека станува збор за вистинско еко-одморалиште.
„Ова е недопрена шума и ние сакаме да ја задржиме на ист начин. Одлучивме, на пример, да не нудиме сафари, туку прошетки низ шумата. И дефинитивно неверојатно сплотување со природата. (Би-Би-Си) |