Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Прилепскиот театар со „Крпен живот“ ќе го затвори Фестивалот на античка драма

Со претставата „Крпен живот“, вечерва Прилепскиот театар го затвора деветтиот Фестивал на античката драма во Стоби. Публиката ќе има можност на античката сцена, да ја види амбиенталната претстава, работена по текстот на првиот македонски роман на Стале Попов, во драматизација на Блаже Миневски, а во режија на Владо Цветановски.

Актерите во амбиент кој треба да го прикаже некогашниот живот во Мариово, ќе го доловат минатото низ призмата на сегашноста.

Актерската екипа во претставата ја сочинуваат Кирил Ристоски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Јасмина Мицовска - Станкоска, Наташа Наумоска, Марија Спиркоска - Илијески, Даниела Стојковска, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска, Александар Степанулески и Никола Настоски.

„Крпен живот” лани беше одиграна на „Охридско лето“, годинава беше прикажана во рамки на „Штипско културно лето“, а има најави за гостувања и во други градови во Македонија. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 203 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дигиталните книги ги победија печатените
Сестрата на Ерван Фуере на „Охридско лето“
Поезија и изложба на „Бит фест“