Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Стил

Писмо од Лондон

Мистеријата на зетот на Насер

Томислав Ивановски

МистериJата се поJави уште во моментот кога се разбра за идентитетот на мртовецот

ЛОНДОН - Од моментот кога пред малку повеќе од три години Скотланд Јард го најде мртвото тело на Египќанецот Ашраф Марван во подножјето на елитниот станбен блок Карлтон Хауз во центарот на Лондон, една обична смрт и една, во основа, рутинска полициска истрага се претворија во мистерија, која се' уште не може да се разјасни. Полицијата и тогаш и сега признава дека човекот умрел во неразјаснети околности, а истрагата што ја спроведе лондонскиот судија-коронер, заврши со заклучокот дека станува збор за несреќен случај. Формално гледано, со таквата пресуда „случајот Марван“ за британските власти е затворен, но за неговите најблиски, како и за сите што го познаваат повеќе, смртта на овој човек и натаму останува нерешена.

Мистеријата се појави уште во моментот кога се разбра за идентитетот на мртовецот. Во почетокот тој за британските детективи беше само уште еден од многуте богати арапски бизнисмени, кои од некои нивни причини се преселиле за да живеат овде. За јавноста во Египет и за поширокиот Блиски Исток, меѓутоа, тој е многу повеќе од тоа затоа што станува збор за зетот на Гамал Абдел Насер и за човек што едно време беше мошне влијателен во врвот на египетската политика,особено кога Анвар ел Садат го постави за свој советник. Повеќе од тоа, Марван во својата земја и во регионот е познат и како добро поврзан шпион на израелската тајна служба во срцето на политичкиот врв во Каиро за што никогаш не бил прогонуван или суден во својата земја.

Околу оваа негова „екстра“ работа, имаше на времето, а има и сега многу нејаснотии и контроверзии, па кога лондонската полиција разбра со кого си има работа, рутинскиот заклучок дека човекот (по се' изгледа од невнимание) паднал од терасата на својот стан. Во прилог на полицијаците им одеше лекарскиот наод дека на мртвото тело нема никаков знак за насилство ниту од убод на нож ниту од рана од огнено оружје, а дека причина за смртта е само падот од четвртиот кат. Кога дојде на ред да се анализира биографијата на Марван, доведе и до откритието дека од луксузниот стан во Карлтон Хауз исчезнал еден „мошне експлозивен доказ за истрагата. Станува збор за единствената копија од неговите мемоари, за кои сведоци тврдат дека од денот кога тој умре.

Мемоарите, всушност, се три книги од по 200 страници, а заедно со нив ги нема и лентите на кои покојниот ги диктирал своите сеќавања. Се тврди дека Марван на денот кога беше најдено неговото мртво тело требало да патува во САД за да ги комплетира своите мемоари.Сето тоа ја отвори верзијата за можно убиство врзано за неговото минато во врвот на политиката на својата земја од пред повеќе од 30 години или, пак, за самоубиство на човекот што (најпосле) се покајал за предавството. Верзијата со убиство изгледа поуверливо, поради исчезнатите хартии и документи што ги имал прибрано за да ги публикува во своите мемоари, што инаку требаше да се појават во октомври 2007 година на годишнината од војната меѓу Египет и Израел, на еврејскиот празник Јом Кипур, во есента 1973 година.

Во книгите велат дека авторот дава свое видување за политиката и за случувањата на Блискиот Исток во времето меѓу 1969 и 1978 година, но се тврди дека во нив ги отфрла обвинувањата дека бил разузнавач и дека ги предал својата татковина и своите двајца тутори,Насер и Садат, шпионирајќи за Израел. Тоа посочување на него како на двојна личност, тој не успеа да го исчисти од своето име ниту кога беше прв пат осомничен за оддавање тајни на смртниот непријател на сите Арапи, а ниту сега, иако е веќе три години мртов.

Оние што не го сакаат велат дека целиот свој живот бил нечие милениче,а дека во врвот на египетската политика влетал оној момент кога како студент во шеесеттите години на 20 век ја запознал Мона, ќерката на Насер, со која подоцна ќе се ожени. Тоа е времето кога Насер е татко на Египќаните, но и на целата арапска нација, поради ширењето на национализмот во арапскиот свет. Беше храбар за да го национализира Суецкиот Канал и да излезе како победник во Суецката војна 1956 година, по што предизвика бран од „револуционерни“ промени и национално будење во земјите од Блискиот Исток, со серијата државни удари во кои беа тргнати сите дотогашни владари, обвинети дека се премногу попустливи на Западот. Беше еден од лидерите на неврзаното движење, а од срамниот пораз од Израел, во јунската војна во 1967 година, никогаш не заздрави. Како зет, Марван станува набргу мошне доверлив човек на големиот водач, а по неговата смрт е именуван за политички и безбедносен советник на Садат. Кариерата ќе ја заврши како раководител на државниот воено-индустриски комплекс, по што ќе се пензионира, а подоцна и ќе се пресели во Лондон. Наследникот на Садат, се' уште актуелниот претседател Хосни Мубарак, уште од поодамна ќе го прогласи за национален херој.

Најзначајниот дел од кариерата на Марван, сепак, се врзува за дилемата дали тој навистина уште од 1969 година бил израелски шпион. Оние што го обвинуваат велат дека тој самиот дошол во амбасадата на Израел во Лондон, нудејќи доверливи воени информации. Ангажиран е подоцна и се тврди дека им ги предал на Израелците воените планови на египетската армија за премин на тогаш окупираниот Синај и тоа непосредно пред војната на Јом Кипур, која почна триумфално за Египет, а ќе завршеше трагично да не се вклучи американската дипломатија, која ги натера Израелците да не го освојат градот Суец на египетската територија. Во Каиро никогаш не признаа дека зетот на Насер бил шпион, ниту прифаќаат дека тој бил двоен агент, односно дека Марван со години му давал на Мосад само дезинформации. Тоа во Тел Авив се негира, а во 2004 година Изарелците за прв пат признаа дека добиле (од Марван) предупредување во 1973 година за нападот, но дека никој не поверувал во тоа.

Кога човек со ваква биографија пишува мемоари, има многу страни што би се чувствувале исплашени и загрозени, па од тоа излегуваат и многубројни мотиви авторот на една книга наполнета со многу „експлозив“ да умре на спиење, да се „самоубие“ или да се лизне и да падне од терасата. Неговата сопруга, Мона Насер, по соопштување на пресудата на лондонскиот коронер, мирно изјави дека не верува во тоа дека нејзиниот Марван самиот паднал. Таа е уверена дека тој е турнат за да не го заврши она што сакаше да го направи. Ако станува збор за убиство, тогаш останува мистеријата кој е убиецот и кој стои зад ликвидацијата. Докази за убиство нема Скотланд Јард, а не најде ни коронерот. Сопругата Мона на тоа загонетно вели дека кога се' уште светот открива детали како умрел Тутанкамон, така ќе се открие и кој нареди да се убие Асраф Марван.


#
Статијата е прочитана 1165 пати.

Испрати коментар

Од: bezanec
Датум: 31.07.2010 14:03:59
Затоа се вели дека шпионите не живеат долго,по обавената шпионска афера.Додека ги даваш шпионските тајни информации,кај примателот се прави сценарио,што после добиените информации.
Од: sonic
Датум: 01.08.2010 01:53:38
ovavo rubrika Stil ??? kako prvo, a kako drugo koja e konekcijata na ova so bilo sto ???

Најди! во Утрински
Стил
Карма на нашите клетки е храната
„Невидливи“ шумски хотели
Мислете на староста, чувајте ги бубрезите
За вашите дигитални спомени