Даниел Редклиф
Се избања во вотка за 21. роденден

Популарниот Хари Потер порасна. Даниел Редклиф го прослави 21. роденден во Санкт Петербург, бањајќи се во вотка, во друштво на своите пријатели. Тие се забавуваа до долго во ноќта со голема количина алкохол. Како што кажуваат сведоците, Даниел во почетокот изгледал сосема пристојно, но како што минувала вечерта, така станувал се' попијан. Најмногу му се допаднала вотката, па во еден момент дури и го зграпчил келнерот за да му дотури повеќе во чашата... Младиот актер изјавил дека многу му се допаднала Русија и оти никаде не се забавувал толку добро како во Санкт Петербург. |