Граѓаните се убедени дека нема да штедат
Домаќинствата во јули се со понеповолни очекувања за својата финансиската состојба во наредните 12 месеци, во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од јули минатата година. Имено, истражувањата на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на земјата, како и очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето за наредните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оцена од јуни 2010 година.
Домаќинствата, пак, веруваат дека во наредните 12 месеци невработеноста ќе се намалува, а тоа се рефлектира преку оцената за невработеноста, која во јули годинава е поповолна во споредба со оцената од претходниот месец. (МИА) |