Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Поглед

Жените се за жените

Јасмина Јовановска

Да запре македонската трагедија со родилките, својот глас го кренаа и жените. Поради катастрофалната состојба во која се наоѓаат родилиштата, реагираше Националниот совет на жените на Македонија (СОЖМ) од каде што побараа во гинеколошките болници итно да се обезбедат елементарни услови за безбедно породување. Но, жените не застанаа само на заштита на своите права, туку побараа некој да понесе и одговорност за предвреме одземените животи на родилките и на нивните рожби. Одговорност побараа, од кој друг ако не од ресорниот министер за здравство, од кого очекуваат оставка од морални причини.

Но, ваквото барање, очигледно, не му е по ќеф на првиот лекар во државата. Па, на зададениот удар, министерот врати со контраудар, водејќи се по народната поговорка нападот е најдобра одбрана. Како може една невладина организација да се дрзне и да побара толку голема цена од министерот?! Па, Османи праша чии интереси застапуваат жените и тоа само зашто од оваа организација никој досега не се обратил до него за проблемот со родилиштата.

Зарем невладиниот сектор е должен да го потсетува министерот за тоа која е неговата работа? Граѓанските организации може само да укажуваат и да реагираат, а власта и сите инструменти се кај Османи и тој треба да дејствува. А не да бара решенија од пациентите, како што вели тој, да соработува со невладиниот сектор на заеднички решенија. Па, впрочем, за тоа тој зема плата, а не граѓаните.

Жените сигурно дека ги штитат интересите на жените. Но, ако министерот нервозно настапува кон невладиниот сектор, се поставува прашањето чии интереси штити министерот, на пациентите или на Владата. Жените само се борат за сопствените права, за правото на безбедно мајчинство, без разлика кога тие реагирале.

 


#
Статијата е прочитана 1189 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Нов бугарски амбасадор во Македонија
Вељаноски не повикал полицајци во маички
Вербатим
Поправен дефектот во РЕК „Битола“