МОРГАН ФРИМЕН
Прошетка низ Баш-чаршија и посета на џамија

Морган Фримен, најголемата ѕвезда на шеснаесеттото издание на „Сараево филм фестивал“, завчера пристигна во главниот град на БиХ, а за разлика од другите холивудски актери не ги одбегнуваше новинарските екипи.
„Никогаш не сум бил во Сараево, иако досега ме викаа два-три пати. Сега дојде време да го посетам. Очекувам добра забава во градот“, изјави актерот, кој не барал никаков ВИП-третман ниту, пак, ги одбегнувал обожавателите. Седумдесет и седумгодишниот актер во текот на вчерашниот ден ја посети и Баш- чаршија, а влезе и во Беговата џамија.
По Сараево, на 2 август Фримен ќе отпатува во Хрватска каде што ќе биде специјален гостин на „Дубровник филм митингс“. |