Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Сестрата на Ерван Фуере на „Охридско лето“

Оувен Фуере вечерва настапува во претставата „Содома, моја љубов“, а во наредните денови ќе бидат изведени и два концерта

Ирскиот „Ро Меџик театар“ од Даблин вечерва во 21 часот, во предворјето на „Св. Софија“ во Охрид, ќе ја изведе претставата на Лорен Гауд „Содома, моја љубов“, во режија на Лин Паркер. „Се работи за митска и патеписна приказна со мултимедијален концепт во кој доминира актерката Оувен Фуере, која го направи и преводот на претставата“, рече директорот на драмскиот дел на фестивалот „Охридско лето“, артистот Ѓорѓи Јолевски, кој вчера објасни дека тоа е и прва претстава од Ирска што учествува на јубилејното 50. издание на фестивалот.

Режисерката Лин Паркер изјави дека претставата е прилагодена на специфичните услови на изведба во предворјето на „Св. Софија“ и дека одржаните проби ги мотивирале авторите да направат особена специфика на претставувањето на „Охридско лето“.

„Текстот е поетски со многу естетски нивоа, кои ги внесовме во актерската игра, а особено не мотивира што сето тоа го играме во Охрид“, рече на прес-конференцијата, актерката Оувен Фуере, инаку сестра на евроамбасадорот Ерван Фуере, која првпат во Охрид дошла пред две години и се заљубила во древниот град.

Оваа ирско -француска актерка, изведувач и театарска уметничка е родена во Ирска, од родители Бретонци.Досега имала изведби со повеќето од поголемите театарски компании во Ирска и Велика Британија, играјќи улоги во бројни продукции во Даблин, во Кралскиот национален театар и во Кралската компанија на Шекспир, во Велика Британија и во Вест Енд.

Оувен Фуере ја креира улогата на Саломе, во Оскар Вајлдовата „Саломе“, режирана од Стивен Беркоф, со премиера во „Гејт театарот“ и на интернационална турнеја.

Останати нејзини важни улоги се: улогата на Росаура во „Животот е сон“, со каталонскиот режисер Каликсто Биеито (Единбуршки интернационален фестивал ’98, Барбикан театар, Лондон и BAM Њујорк), улогата на Тамора во „Титус Андроникус“, во режија на Селина Картмел (2005), ликот на Паула Спенсер во „La femme qui se cognait dans le portes“ - Француска сценска адаптација на две книги на Роди Дојл, настапила во разни театри во 2008 година, вклучувајќи го и Bouffes du Nord“ во Париз.

Оувен Фуере игра и во повеќе пиеси на уметникот Џејмс Колман, кои продолжуваат да се прикажуваат низ светот. Таа до неодамна беше и уметнички директор на Оперејтинг театар, кој го формирала заедно со композиторот Роџер Дојл.

Утревечер (недела) во „Св. Софија“ во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Николај Лугански, кој уште од својата рана возраст освојувал престижни музички награди: сребрениот медал на 8. меѓународен натпревар „Бах“ во Лајпциг, како и втората награда на московскиот „Рахмањинов натпревар“. За негов најголем триумф се смета втората награда на 10. меѓународен натпревар „Чајковски“ во 1994 година, од кога му стартува и меѓународната кариера со серија на славни концертни настапи и аудио записи низ целиот свет.

Лугански работи со истакнати диригенти како: Валери Гергиев, Пааво Берглунд, Франс Бруген, Семјон Бишков, Кристоф Ешенбах, Марек Јановски, Нееме Јарви, Кент Нагано, Сакари Орамо, Михаил Плетњов, Генади Рождественски, Леонард Слаткин, Саулиус Сондецкис, Владимир Спиваков, Јевгени Светланов, Јури Темирканов и Едо де Варт, а има над 30 големи концерти во својот репертоар, од Бах до Рахмањинов.

На втори август во „Св.Софија“, со почеток во 21 часот концерт ќе одржи и Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија, под диригенство на Саша Николовски -Ѓумар. Како солист ќе настапи, виолинистот Кох Габриел Камеда. Камеда е добитник на награди на бројни национални и меѓународни натпревари, меѓу кои е и меѓународниот натпревар за виолинисти „Хајнрик Шеринг“.

За многу значаен момент во неговата рана кариера се смета можноста да соработува во серија концерти со покојниот Витолд Лутославски во 1993 година, една година пред смртта на полскиот композитор. Го изведувал делото „Chain II“, под диригентската палка на композиторот. (С.И. К.Б.)


#
Статијата е прочитана 480 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Дигиталните книги ги победија печатените
Прилепскиот театар со „Крпен живот“ ќе го затвори Фестивалот на античка драма
Поезија и изложба на „Бит фест“