Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Скопје
03.08.2012, 15:16

Само една фирма нуди кочија со која ќе се разгледува „Скопје 2014“

За десетина дена ќе биде решено дали ќе биде прифатена понудата доставена од македонска фирма

Деспина Трајковска


За десетина дена ќе се знае дали скопјани веќе од Нова година ќе имаат можност седејќи во кочија да го разгледуваат градот, а некои можеби и да го изнајмат пајтонот за венчавка. Од ЈП „Паркови и зеленило“, на кое Град Скопје му даде обврска да ја купи кочијата и коњите, наскоро ќе треба да решат дали ќе ја прифатат или не единствената доставена понуда на меѓународниот повик што го распишаа неодамна. Тврдат дека комисијата се' уште не донела конечна одлука, но, од досегашното разгледување на понудата извесно е дека таа ги исполнува бараните услови. Од претпријатието единствено информираат дека таа е од македонска фирма, но не откриваат колку пари бараат да ја испорачаат кочијата.

„Се' ќе биде познато за најмногу десетина дена. Во меѓувреме очекуваме Градот да ни ги префрли парите, односно најавената субвенција за да се реализира набавката“, накусо вели Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“.

Тој објаснува дека претпријатието бара кочија налик на оние што можеме да ги гледаме во старите филмови. Треба да биде рачноизработена и да има подвижен црн покрив од водоотпорна кожа. Внатре треба да биде обложена со црвено кадифе, да се со капацитет за шест луѓе, да има дрвени врати, а во задниот дел декоративен ковчег, како и метални држачи со фенери... „Станува збор за кочија од типот ‘вис а вис‘“, посочува директорот на „Паркови“.

Се' уште не е решено по која траса ќе вози пајтонот, ниту, пак, е донесена конечна одлука дали тој ќе вози по угорнини или само хоризонтално. Токму тоа, како што објаснуваат надлежните, ќе биде пресудно и при изборот на коњите што ќе треба да ја влечат кочијата. Затоа од „Паркови“ чекаат прво да го купат пајтонот, па, потоа да ја распишат набавката на коњите.

Засега е утврдено дека пајтонот ќе служи за туристички прошетки, за разгледување на Скопје и за свечени пригоди. Со него ќе стопанисува ЈП „Паркови и зеленило“, а цената за негово користење ќе ја утврди Советот на Град Скопје.

Инаку, официјално, идејата за разгледување на Скопје со пајтон е на градските власти. Затоа тие и одлучија финансиски да го помогнат проектот со речиси 40.000 евра. Со тие пари „Паркови“ ќе треба да ги набави и пајтонот и коњите.

Бараат коњи во Солун, Бугарија, Србија...


Екипа од „Паркови и зеленило“, заедно со професори од Земјоделски факултет, во изминатиов период посетиле неколку соседни земји за да видат има ли можност таму да набават коњи потребни за кочијата. Иако се' уште не е купен пајтонот од кој ќе зависи каков тип на коњи ќе бидат потребни да го влечат, екипа од неколку стручни лица досега била во Грција, Бугарија и во Србија, во посета на неколку одгледувачници за коњи. Солун и Нови Сад имале надалеку прочуени одгледувачници во кои, како што сметаат надлежните, ги има и сите раси коњи за конкретната наша потреба. Посетите биле од информативен карактер за надлежните да се запознаат со природата на одредени раси коњи кои се соодветни за прошетки во урбана средина.

„Вис а вис“ кочија на старо чини до 7.000 евра

Кочија каква што бара да купи „Паркови и зеленило“, во соседството чини од 5.000 до 7.000 евра, но, не нова, туку стара до 3 години. На еден хрватски портал во делот за мали огласи се продава „вис а вис“ кочија за 5.000 евра. Таа, како што стои во огласот, е од германско производство, изработена пред 3 години и речиси неупотребувана. Има капацитет за шест лица, црн подвижен кожен покрив, внатре е обложена со црвено кадифе, има и ковчег... Кочијата што се нуди на продажба речиси ги исполнува сите услови поставени во тендерот што го објави „Паркови“. А, дали пајтонот мора да е потполно нов, или, пак може да е и малку употребуван, надлежните не нагласуваат. Едно белградско фотостудио, пак, продава „вис а вис“ кочија стара само 1 година за 7.000 евра. Словенечки огласи, пак, се преплавени со продажба на малку употребувани кочии „вис а вис“, чија цена се движи од 1.500 евра па нагоре.


Статијата е прочитана 1374 пати.


Испрати коментар



Затворена дел од „Даме Груев“
Признанија за нуркачите од „Врело“



Трпе, 04.08.2012 00:59:19
Наместо фабрика за автобуси во РМ треба да се гради фабрика за пајтони и кочии.Според квалитетот на патиштата кој го имаме само за запрежни возила заслужуваме.Трасата на првиот пајтон за туристи треба да биде од аеродромот Аце Бабачкиот до центарот Скопје 1014 година.Интересни се овие планови и проекти излезени од малиот мозок.Покасно може да се вклучи и воз со парна локомотива идеа од големиот мозок.
Leviot, 04.08.2012 20:10:48
Sto ne donesat zakon za uvoz na polovni kocii , i taka ne se proizveduvaat kajnas. Poevtino e i za pomali pari ke moze povekje da seuvezat ne mora da bide edna. Taka ke moze vladata da go razviva biznisot pri vakva cena na benzinot samo tocak i kocija mu e majkata.
miki, 04.08.2012 20:29:44
Се средивме, уште дворски шут ни фали......да ги објаснува проектите од Скопје 2014444444......................

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Каде се пресели ВМРО-ДПМНЕ?
Новата (привремена) адреса на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу населбите Капиштец и Козле, кај зградата на „Бетон“, во близина на Минис...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |