Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Мислења

Мислења

Големата гасна игра на Русија

Јошка Фишер

Примарна цел на руската политика за гас не е економска, туку политичка

Русија и Европската унија се геополитички соседи. Дали нивните односи, всушност, се соседски, место напнати и конфронтациски, е од клучно значење за двете. Ако не ги модернизира нејзината економија и општеството, Русија може да заборави на своите претензии за статус на светска сила во 21 век и ќе продолжи да паѓа и зад старите и зад новите појавени сили. Покрај тоа, на Русија и' се потребни партнери за нејзината модернизација, бидејќи нејзиното население и економскиот потенцијал се премногу мали за самата да има важна улога во новиот светски поредок во развој. Стратегиското нуклеарно оружје на Русија нема да биде доволно за да и' обезбеди место меѓу силите од првата класа.

Но, каде би можела да се сврти Русија? Кон Источна Азија? На југ и кон исламскиот свет? Ниту една од овие не е сериозна опција. Русија, таква каква што е, може само да се сврти кон Запад, особено кон Европа. Сепак, за Европа, улогата на Русија е од клучно стратегиско значење. Дури и делумна промена на постсоветскиот поредок, во насока на зголемена контрола на Русија врз поранешните советски републики или сателити, драстично би ја сменило стратегијата и безбедносната политика на ЕУ.

Двете страни тврдат дека сакаат подобри билатерални односи, но постои простор за сомневање дали Русите и Европејците, всушност, размислуваат за своите односи во исти услови. Поглед зад срдечната реторика открива длабоки разлики. Кога поранешниот претседател на Русија, а сегашен премиер, Владимир Путин, пред неколку години прогласи дека најголемата катастрофа на 20 век беше распаѓањето на Советскиот Сојуз, тој не зборуваше само за себе, туку веројатно за мнозинството од политичката елита на Русија. Сепак, убедливо мнозинство Европејци сметаат дека распаѓањето на СССР е причина за прославување. Всушност, денешна Русија отворено се обидува да го промени постсоветскиот поредок во Европа што се појави по 1989/1990 година, барем во делови од нејзиното соседство, додека Европејците и Запад сакаат да го задржат по секоја цена. Се' додека Москва не ги сфати тие фундаментални разлики и не извлече праведни заклучоци од нив, Европејците нема да го гледаат отворањето на Русија кон Запад како можност, а Русија секогаш ќе наидува на длабока недоверба во Европа. Но, тоа не исклучува практична и прагматична соработка во бројни области.

Русија денес ја задржала својата сила само како снабдувач на енергија и други природни ресурси. Оттука, не е изненадување што Путин се обиде да го употреби тоа средство за да ја обнови моќта на Русија и да го промени постсоветскиот поредок. Снабдувањето со природен гас од Русија до Европа игра значајна улога во тој поглед, бидејќи тука, за разлика од случајот со нафтата, позицијата на Русија за нагодување е многу силна. Уште поважно, нејзините директни соседи се или целосно зависни од снабдувањето со руски гас - Украина и Белорусија - или, како Азербејџан и Туркменистан, се зависни од гасоводот на Русија за да го продаваат нивниот гас.

Русија, секако, ги следи економските интереси со својата политика за извоз на гас - уште повеќе кога цените на гасот се движат надолу - и сака да ја прошири својата улога на европскиот пазар за гас, за да ја зголеми зависноста што постои сега. Но, тоа е неверојатно: прекинувањето на испораката на гас од Русија во јануари 2009 година јасно и' стави до знаење на ЕУ која цена можеби ќе треба да се плати во одреден период.

Тоа е причината зошто оттогаш „разновидност на земјите-снабдувачи со гас“ е политика на ЕУ - вклучувајќи го, пред се', проектот за нафтоводот „Набуко“, што би отворил јужен коридор меѓу Касписко Море, Централна Азија, северен Ирак и Европа. „Набуко“ би стигнал до Европа преку Турција и драстично би ја намалил зависноста на касписките земји-снабдувачи од гасоводот на Русија, и зависноста на новите југоисточни земји-членки на ЕУ од снабдувањето со руски гас. Затоа, не изненадува што Кремљ се обидува да пропадне „Набуко“.

Две други случувања ветуваат дека ќе спречат зголемена зависност на Европа од Русија: големо проширување на увозот на течен гас во ЕУ и, поврзано со тоа, и со ослободување од контрола на европскиот пазар на гас - транзицијата од долгорочни договори за снабдување и врзување на цената на нафтата кон готови цени, зависни од пазарот. Како и да е, примарна цел на руската политика за гас не е економска, туку политичка, односно да се унапреди целта за менување на постсоветскиот поредок во Европа - потрага која не се однесува толку на ЕУ колку што се однесува на Украина.

Новиот премиер на Украина, Микола Азаров, се изненади кога Путин неочекувано му се спротивстави на заедничка конференција за печатот, со предлог да се соединат украинската и руската гасна компанија. За разлика од тоа што украинската влада се согласи да продолжи распоредувањето на руската Црноморска флота на Крим - одлука што доведе до физичко насилство во парламентот на Украина - ова не беше продолжување на статус кво, туку јавно барање за негова ревизија.

Со гасоводот „Северен тек“ на Балтикот, и претерано скапиот гасовод „Јужен тек“ во Црно Море, Русија се обидува не само да создаде директна поврзаност со гас меѓу Русија и ЕУ, што би ја заобиколила Украина и би го поткопала проектот „Набуко“. Главна цел е да се изврши притисок врз Украина, како и врз Азербејџан и Туркменистан, кои сакаат да ја снабдуваат Европа со гас независно од Русија. Кога ќе бидат постигнати тие цели и/или ќе продолжи „Набуко“, „Јужен тек“ ќе биде оставен настрана, бидејќи нема економско значење.

Во Европа и во САД, овој предизвик е разбирлив. Сега е неопходно да се застане до оние во Украина, кои гледаат европска иднина за својата земја, да се отвори јужниот коридор преку „Набуко“, како и да се забрза развојот на заеднички европски енергетски пазар. Решителна европска политика ќе ги подобри, место да ги затегне, односите со Русија, бидејќи ќе резултира со поголема јасност и предвидливост.

(Авторот, министер за надворешни работи на Германија, вицеканцелар од 1998 до 2005 година, и лидер во германската Партија на зелените речиси 20 години, пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1506 пати.

Испрати коментар

Од: Pisuvanje zaradi pisuvanje
Датум: 31.07.2010 08:49:52
Poarno e da se bavi so svoite problemi.Kade se zelenite.
Од: devicanecot
Датум: 01.08.2010 15:17:17
Сега, кога нема никакво влијание врз политичките елити, Јошка само си пишува. Жално и смешно е што нашиот печат пренесува написи на луѓе од излитената политичка елита. Набуко, па Набуко...тоај гасовод е чисто политички, а никако економски оправдан. Затоа и никој не пристапи со конкретен договор кон тој проект. А Русија..си води своја политика, секако дека нема Јошка Фишер да ја усмерува политиката на Русија. Русија никогаш не ја запре испораката на гас за Европа, согласно договорите, туку Украина на Јушченко, со својата под наводници проевропска политика, крадеше гас, односно не го плаќаше. Е сега, со Јанукович тоа нема да се случи. Најдобро е секоја земја да си биде господар на своите природни богатства, како и сама да одлучува за својата меѓународна политика, штитејќи ги интересите на својата земја, на сопствениот народ. А не како нашите, секој закон да добиел мислење од Европа?? Која е таа логика. Зарем Енглезите, кога донесуваат некој закон, бараат мислење од ЕУ???Или французите
Од: ekonomist
Датум: 01.08.2010 23:38:16
Me zacuduva tolku amaterska i nediplomatska analiza od taka iskusen politicar i diplomat.Zapadna Evropa nikako da gi nauci lekciite od minatoto.I silniot Bonaparta i Hitler se obidoa da ja zgazat"meckata",ama zaglavija tolku dlaboko sto gi kostase glava i stram za narodot.Evropa nikako da priznae deka e pod tutorstvo na Amerika i deka na Eusija partner za dogovoaranje i e Amerika,a ne Evropa i Evropa treba da ja zamoli svojata kerka(Amerika) da i pomaga vo pregovaranje so Rusija.Nesvatlivo mi e da se pomisli deka Rusija treba da ja moli Evropa za sorabotka,vistinata e sosema obratna.

Најди! во Утрински
Мислења
Збогум НАТО!