Број 3229  среда, 10 март 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Дипломатски магазин

Site Meter
Македонија
Пропуштени часови поради снег

Дел од учениците задоцнија на настава, причина неисчистените улици

БИТОЛА - Доцнење и пропуштени часови во дел од селските училиште во Битола предизвикаа снегот и неисчистените улици, потврдија од Секторот за образование во Општина Битола. Снежната покривка од дваесетина сантиметри го отежна сообраќајот во најголем дел од периферните и од приградските населби.

„Дел од учениците во прва смена задоцнија на часови поради отежнатиот сообраќај. За среќа, нема прекин на наставата, а ситуацијата полека се нормализира“, вели Снежана Петровска, раководител на Секторот за образование.

Во јавното претпријатие „Нискоградба“ во Битола велат дека се чистат улиците од прв приоритет, но оти не се заборавени ниту регионалните патишта. „Немаме информации дека се доцни на училиште поради неисчистени патишта. Ангажиравме осум градежни машини, а на најголем дел од улиците е ставено сол и ризла. Само за два дена се потрошени 50 тони сол и 20 кубни метри ризла“, објаснува Венцо Шишкин, раководител на зимската служба во „Нискоградба“. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 844 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Власта ги рекетира тутунарите за „Скопје 2014“
Во Прилеп се продаваат плацеви за семејно домување
Новите врнежи опасност за прелевање на Охридско Езеро
Денеска снег и ветар до 90 км на час