Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Литературата за деца е сериозна работа

Денеска се одбележува Светскиот ден на литературата за деца, сфера која кај нас е сместена на маргините

Невена Поповска

Денеска во светот се одбележува Денот на детската литература. Светскиот ден на литературата за деца всушност, се одбележува на 2 април -на денот кога е роден најпознатиот детски автор, Ханс Кристијан Андерсен. На овој ден се слави љубовта кон читањето и моќта на фантазијата во книгите за деца. Секоја година различна земја ја има честа да биде меѓународен промотор на Денот на литературата за деца. Оваа година, тоа е Египет. Пораката и постерот кои годинава ќе го одбележат 2 април, се дело на познатиот египетски илустратор на книги за деца, Хани Д. ел-Масри. Секоја година се доделува и награда која го носи името на Андерсен, а се доделува за најдобра книга напишана за деца.

Денот на детската литература е повод да се запрашаме каде е сместена литературата за деца во наши рамки. И најважното, зошто нашите деца не читаат, или, како повторно да ги внесеме во таа магија? Постојат различни мислења и ставови во јавноста во врска со овие прашања.

„Знаењето е сила, знаењето е моќ“ гласи познатиот и многу експлоатиран во последно време цитат на Френсис Бекон кој продолжува: „Знаењето е и обврска и одговорност“. Секој од нас има право и должност да се труди да се едуцира и да ги проширува видиците, зошто само на тој начин може да бидеме во чекор со светските трендови. Се чини дека младите не треба да ги потсетуваме на тоа, бидејќи и самите најчесто сакаат да читаат се што е надвор од понудените програми. Бараат модернистички четива, сакаат книги кои дишат со актуелниот естетски и историски миг и кои го провоцираат нивниот дух. Но, постои заедничка одговорност по тоа прашање. Треба поголемо внимание да се обрне на образовниот процес, на наставата по македонски јазик и литература, на изборот на задолжителната литература, изборот кој се нуди од македонските издавачи, домашната навика за читање книги...

„За денешното дете“, вели Александар Прокопиев, „кое често ракувањето со компјутер и снаоѓањето со Интернет го учи подобро од ракувањето со буквите во книгата, одомаќувањето во светот на литературата е неопходно да се поттикнува што е можно порано. Филмовите на Дизни или оние за Хари Потер можат во тоа запознавање да бидат сојузници, да ја хранат неговата потреба од книгата: кој е Могли, кој е Ѕвонарот на Богородичната црква, каде е таа земја Нарнија... Во време на моето детство не се знаеше за Интернет, а и филмската и ТВ понуда беше поприбирлива, но знам колку врз мене влијаеле Петар Пан, Алиса, Силјан Штркот, Карамба Барамба, Винету, д’Артанјан, Робинзон Крусо, бајките на браќата Грим и Цепенков... Сите тие убави книги прочитани некогаш им ги читав на своите ќерки со иста вживеаност и разиграност. Детската книга треба да е таква, разиграна, мистериозна и возбудлива и во својот изглед. Во книжарите можат да се пронајдат такви ликовни и графички ’бонбони‘ кои ги мамат децата да ги вкусат (за жал, повеќе странски отколку домашни изданија). Детето го препознава својот љубимец, својот херој, со непогрешлив инстинкт. Книгата не само како задолжителна лектира, туку како повик на фантазирање, како сакана игра... А како да се вовлече во таа игра, тука можат да му помогнат и возрасните, оние што одбрале професии што ќе му служат на детето, меѓу нив издавачите (кога не се опседнати од заработувачка!) се едни од главните“, истакнува Прокопиев.

Еден од „најупорните“ македонски писатели за деца и млади, човек кој остана доследен на овој вид творештво е писателот Горјан Петревски. „Моето творештвото им припаѓа на младите“, вели Петревски, „а и не се каам поради тоа, затоа што ми е возвратено во иста мера, доживувам прекрасни моменти како писател кој е добро прифатен од нив. Не од тоа што не сум можел да седнам и да напишам, условно, роман за возрасни. Имам и таква необјавена проза. Но, да бидам искрен, тврдоглаво настојувам да ја урнам поделбата на литературата на ’детска‘ и ’возрасна‘. Кога би се пишувал, да речеме, ’возрасен роман‘, мислата би можело да се пушти до бескрај, да се има голема слобода во изразот, па дури да се биде и ’вулгарен‘, а сето тоа да биде ’проголтано‘. Но, романот за тинејџери бара друга чистина. Кај нив постои строга граница преку која не смее да се пречекори, мора да се контролира пребрзата мисла. А тоа чувство за ’црвена линија‘ треба да се има во себе. Ве уверувам, многу е поодговорно да се напише роман за тинејџери и да се освои публиката, отколку таа доверба да се побара кај возрасниот дел на читателите“.

И годинава на списокот на дела кои се финансираат од Министерството за култура многу мал број наслови од литературата беа за деца. „Тоа се влече со години наназад“, потенцира Петревски. „Можеби само, за жал, кај нас... Имам сознанија и за други земји, сум посетувал меѓународни саеми. Тој податок треба да не замисли. Конечно, сериозно да и пристапиме на возраста и популацијата која го заслужува вниманието на сите нас. На дрвото му треба здрав корен. Ако продолжиме така, ќе ги немаме читателите, а треба да ги создаваме. На пример, вреди да се посети Меѓународниот саем на книгата за деца и млади во Болоња и да се видат проектите за деца и млади што државите од целиот свет ги нудат. Затоа и ќе имаат она што ние можеби го немаме. Да се прескокнуваат изданијата за деца и млади!? Голем апсурд. Ќе ни се врати и треба секој од нас да се подзамисли на таков приод кон оние што ќе дојдат и ќе не вреднуваат“.

По повод Светскиот ден на детската литература, денеска напладне во просториите на библиотеката „Другарче“ во Скопје, издавачката куќа „Вермилион“ свечено ќе донира литература за деца. Како поддршка на работата на единствената библиотека посветена исклучиво на децата, овој издавач ќе подари 90 книги од своите изданија, во вкупна парична вредност од 31.000 денари. Во оваа пригода ќе биде претставено и најновото издание на „Вермилион“, новелата „Водниот коњ“ од познатиот британски писател за деца, Дик Кинг-Смит, во превод на Марија Тодорова.


#
Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Слободанка Јовановска
Мислења
Јосиф Ќурчиев
МПМ подарува книги за училишни библиотеки

Живот на чинија: Ивица Маринковиќ
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!

Фидел Кастро
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците