Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Во јуни турбо се летало над македонското небо

Македонското небо во јуни вриело од авиони. Таков заклучок барем може да се изведе ако се има предвид податокот дека македонскиот воздушен простор во јуни го прелетале 13.386 воздухоплови, што е апсолутен рекорд за овој период од годината.

Позитивниот тренд продолжил и во јули, па се очекува и во август да се одржи истиот интензитет на зголемување на бројот на прелетувања. Прогнозите се дека до крајот на годината, во нормални услови, ќе бидат забележани рекордни резултати во бројот на прелетувања на нашето небо.

Во јуни годинава Македонската контрола на летање М-НАВ регистирала зголемување на бројот на наплатни единици од прелетувањата за 6,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Еуроконтрол. Зголемувањето е поголемо и од европскиот просек, кој за јуни изнесува 5,1 отсто.

„За само еден месец, во текот на јуни, се надминати негативните ефекти од огромната криза предизвикана од облакот со вулканска прав и комплетното приземјување на воздушниот сообраќај во период од една недела во април, потоа значителните редуцирања на летовите во Европа предизвикани од кризата, кои траеја се' до 20 мај, како и последиците од честите штрајкови на контролата на летање во соседна Грција“, посочуваат од М-НАВ и додаваат дека операциите со локалниот воздушен сообраќај на аеродромите во Скопје и во Охрид се со двоцифрени процентуални показатели за зголемување. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 747 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Фејсбук“ во трка за најпосакуван работен простор
Сите ги чекаат најтазе милионерите
Бизнисмените едногласни - бизнис-климата се влошува
Пари за пругата кон Бугарија дури во 2012
Граѓаните се убедени дека нема да штедат
Српската валута падна до нов рекорд
Сертификат ИСО 9001