Хирвонен тешко излета во Финска
Водечкиот во почетокот од релито во Финска, Мико Хирвонен, имаше драматично излетување во вчерашниот прв ден, кога се изврте со својот „форд“ и го искрши во четвртата етапа. Финецот и неговиот совозач Јармо Лехтинен излегоа неповредени од автомобилот што се преврте неколку пати во десен свиок што возачот претходно го опиша како еден од неговите омилени. Хирвонен, кој е трет во вкупниот поредок зад двоецот од Ситроен, Себастиојан Леб и Себастијан Ожер, го освои своето домашно рели минатата година.
Норвежанецот Петер Солберг, најбрз во воведната етапа, го презеде водството со својот приватен „ситроен“, а Финецот Јари-Мати Латвала од Форд е втор со заостанување од 1,3 секунди по првите пет етапи. Шетскратниот светски шампион Леб е на шестото место по оштетувањето на предниот амортизер на неговото возило во третата етапа. |