Четворица повредени во судир
Четворица вработени во „Македонски железници“ се повредени, откако работната машина со која се превезувале удрила во патнички воз на пругата Гевгелија – Скопје, кај неготинското село Црвени брегови. Според МВР, несреќата се случила во четвртокот, околу 19 часот, кога машината во која биле четворицата работници, движејќи се зад возот, удрила во неговиот заден дел. Повредените работници се пренесени во Велешката болница. (Г.А.) |