Брoj 2674  среда, 30 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Велосипедска парада по повод Денот на кралицата на Холандија

Прославата започна со одбележување на изградбата на велосипедската патека

Весна Дукоска
Сенада Иса


Со велосипедска парада од населбата Аеродром до плоштадот „Македонија“, со која се означи почетокот на изградбата на велосипедската патека долга 1,5 километри, вчера, амбасадата на Холандија во Македонија организира прослава по повод Денот на кралицата - Националниот ден на Кралството Холандија. Во фокусот на хепенингот што се одржа под мото „Освежи се - Refresh Yourself“ беше велосипедот, како симбол на здрав, еколошки и модерен начин на превоз, но и како симбол на некои од вредностите на холандското општество.

„Оваа манифестација има за цел да го промовира возењето велосипеди, водењето здрав живот и да се избегне проблемот со паркирање на улиците. Во Холандија има околу 15.000 километри велосипедски патеки, а тоа сакаме да го сториме и во Македонија“, рече амбасадорката на Холандија во Македонија, Симон Филипини.

На прославата присуствуваше и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која учествуваше и во парадата со велосипеди и заедно со градоначалникот Трифун Костовски пристигна меѓу првите на плоштадот „Македонија“. „Се надевам дека во иднина граѓаните се' почесто ќе користат велосипеди, а се' помалку автомобили“, рече Јанкуловска. Насобраната публика ја забавуваа „Бајк - виртуози“, изведувајќи разни егзибиции со своите велосипеди. Неколку скопски основни училишта ги претставија своите велосипеди украсени во најразлични мотиви и упатија пораки за зачувување и заштита на животната средина.

„Побарајте од вашиот градоначалник да ви изгради многу велосипедски патеки по кои ќе можете да возите до училиште, до работа или на прошетка“, и' се обрати на публиката амбасадорката Филипини, прогласувајќи го основното училиште „Конгреси и манастири“ за победник и свечено му додели велосипед.

Во рамките на прославата на Националниот ден, во Музејот на Град Скопје, амбасадата на Холандија организира изложба на уметнички проекти инспирирани од велосипедот, а изработени од познати македонски уметници и осум основни училишта од Скопје. Со овие настани се означува и почетокот на долгорочна кампања, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за млади и спорт и Македонската велосипедска федерација, за освежување на велосипедската традиција во Македонија.


Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: Алек
Датум: 30.04.2008 01:40:00
Преубаво! Ја поздравувам иницијативата на Амбасадорката на Холандија Скопје повторно да стане град на велосипедисти
Од: Стојко
Датум: 30.04.2008 13:12:40
Јаој, слушнавте ли на ТВ (не се сеќавам на која) превод од "Queens day" = зелен ден !!! цитирам "Во Холандија има околу 15.000 километри велосипедски патеки, а тоа сакаме да го сториме и во Македонија“ Не морате, сами ќе си сториме, вие само признајте не под уставно име - Република Македонија!!!!!!
Од: Sami Ajdini
Датум: 30.04.2008 20:33:41
Sekogas sekoj si proslavuva na svoj nacin i tokmu denot na kralicata na Holandija bese odrzaan na naj abaav nacin Posebna plagodarnost do novinarite koj ni ovozmosuvaat da ja procitame i pismeno po elektronski celata manifestacija . Pozdrav Sami Ajdini do Senada Isa

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Центарот на градот денеска без вода
Камен-темелник на катна гаража во Аеродром
Општина Аеродром и натаму без потписник