04.05.2012, 17:01 Работа во Германија - кошмар за Бугарите

Со ветување за работа и приходи, се' повеќе и повеќе Бугари се намамуваат во Германија
Можеби тоа беше автомобилот. Беше тука со недели, сив модел од пред дваесетина години со дамки од ’рѓа на хаубата, кој изгледа некако загубено покрај уредно паркираните лимузини, и е единствен со бугарски регистерски таблички во целото соседство. И на поштенското сандаче постојано има ново име, што на крајот покрена сомнеж кај жителите на таа улица.
Семејната куќа се наоѓа во зелено предградие во кое живеат луѓе од средната класа во Сахсенхаузен во јужниот дел на Франкфурт. Предната врата на куќата стои отворена. Застоениот загреан воздух кој мириса на мувла се чувствува преку вратата на станот на скалите. Внатре во задушливиот стан, семејството Петрови (името е променето) седи на душеци пред мала маса во соба каде прва работа што веднаш ви паѓа во очи е огромната флека од муфла во аголот.
Пред околу три недели семејството се спакува и ја напушти својата куќа во село во близина на бугарскиот град Варна. Таткото, мајката и трите деца влегоа во автомобилот и се возеа 20 часа. Еден човек им се јавил и им кажал дека има работа и место за живеење за нив ако успеат да дојдат во Франкфурт.
По пристигнувањето тие требале само да го земат клучот. Оттогаш секој месец еден човек доаѓа во станот и собира 600 евра за ќирија во готовина. Понекогаш, велат Петрови, друг човек што тие го знаат како „Мики“ доаѓа и ги носи таткото и синот на работа на едно градилиште. Без никаков договор. Без никакво осигурување. Без изгледи за работа следниот ден.
Семејството Петрови се едно од илјадниците бугарски семејства намамени во Германија со добра работа. Агенти, особено од градежната индустрија, трагаат експлицитно по млади мажи од источна Европа, или преку интернет или познаници. Посредникот вообичаено работи за подизведувач. Тие ги водат работниците како „самовработени“ потоа ги нудат наоколу како ефтина работна сила во градежништвото или индустријата за чистење, плаќајќи им само дел од она што вообичаено во требале да добијат. Германците тоа го нарекуваат „дампинг на платите“.
Иако ова практика е вообичаена во сите големи германски градови Франкфурт сега се смета за метропола на „бугарската индустрија“, која ги истиснува оние компании што ги осигуруваат своите работници и плаќаат даноци за нив. Проширувањето на ЕУ направи да биде лесно да се злоупотреби системот, и тоа до такво ниво, што според царинските истражители, е тешко да има преглед на тоа. „Бугарската индустрија“ стана толку напредна што дури и на царинските службеници им е тешко да ги откријат лажните документи за „самовработување“. Тие знаат дека речиси сите се фалсификувани, но немаат доволен број на вработени и ресурси за да го докажат тоа.
Еден случај за злоупотреба беше откриен во Франкфурт од страна на Центарот за советување на мигранти на германската синдикална конфедерација кога Али С. и Д. Хусеин, двајца Бугари со турско потекло, истапија. Тие шест недели работеле на градилиште, пријавиле, и дел од нивната плата се' уште се задржува. Од почетокот на март до средината на април секој од нив работел по 349,5 часови. Ним треба да им бидат исплатени бруто по 4.526,03 евра, но им биле исплатени само 1.200 евра.
Пред неколку години Франкфуртска агенција за домување забележа дека газдите изјамуваат се' повеќе и повеќе соби во станови на Романци и Бугари. Честопати подстандардните станови се изнајмуваат за големи суми на пари, експлоатирајќи ги ранливите Европејци од Југоисточна Европа.
На крајот на јануари околу стотина полицајци направија рација во целиот станбен блок што траеше до раните утрински часови. На крајот сомневањата беа потврдени дека 48-годишен Турчин со германско потекло собрал речиси еден милион евра во изминативе години од илегално сместување на бугарски работници во 39 станови во кои треба да живеат корисници на социјална помош.
(Франфуртер алгемане цајтунг) |