Почнува новото првенство на Македонија
Денес стартува новото фудбалско првенство на Македонија. На програмата е првото коло во кое ќе се одиграат четири натпревари бидејќи мечевите Скопје - Работнички и Шкендија - Тетекс се одложени поради настапите во европските купови за понеделник, 2 август. Со почеток во17 часот ќе се одиграат натпреварите: Ренова - Пелистер, Хоризонт - Силекс, Вардар - Металург и Напредок - Брегалница.
Според одлуката на ФФМ, натпреварите во Првата лига наместо во неделите, годинава ќе се играат во саботите, додека мечевите на Втората лига се закажани за недела.
На 1 август во Втората лига ќе играат: Локомотива - Охрид 2000, Еуромилк - Беласица, Тиквеш - Цементарница, 11 Октомври - Миравци, Дрита - Влазними, Новаци - Влазерими, Охрид Лоте - Ринија. (М. М.) |