Стипендии за 32 студенти
На 32 студента од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера им беа доделени договори за стипендии од фондациите „Атанас Близнакоф“ и „Петар Стаматоф“. Годинава, со одлука на управните одбори на двете фондации, се доделени 16 стипендии од фондацијата „Атанас Близнакоф“ и 16 стипендии од фондацијата „Петар Стаматоф“. Висината на стипендијата изнесува пет илјади денари месечно, а таа се доделува за десет месеци во годината. Стипендиите ги добиваат студенти што покажуваат особени резултати во студирањето. (МИА) |