20.06.2012, 16:13 Дани, Влатко и Денис на „Сунчане скале“

И годинава Македонија има свои претставници на фестивалот во Херцег Нови
На 2 и 3 јули, по 18. пат во Херцег Нови ќе се случува фестивалот на забавна песна „Сунчане скале“, на кој и годинава имаме одлични претставници. Влатко Илиевски, Дани Димитрова и новата пејачка надеж Денис ќе ги бранат боите на нашата земја.
Дани има песна на Владимир Дојчиновски, а Григор Копров е потписник на „Нема ме“ и „Ти си песна“, што ќе ја интерпретира млада пејачка надеж за која деновиве се зборува.
„Денис е пејач за кого допрва ќе слушнете, одамна не сум се воодушевил од нечии вокални квалитети“, вели Копров. „За Влатко Илиевски, пак, немам што да зборувам, освен дека женскиот свет ќе падне на колена. Не само поради него, туку поради текстот на ’Нема ме‘, кој го напиша Емилија Кокиќ, пејачката на некогаш многу популарната ’Рива‘. Дојчиновски е аранжер на двете песни, верувам во добар пласман на нашата силна екипа“. |