Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Свет
08.06.2012, 17:55

Министерска оставка по и-мејл скандал

Мирела Холи смета дека не направила ништо лошо, туку постапила човечки

Горан Адамовски



Министерката за животна средина во хрватската влада, Мирела Холи, поднесе оставка поради тоа што се обидела да спаси од отказ сопруга на партиски колега. Класичниот пример на непотистички притисок ја чинеше губење на министерската фотелја на која беше само пет месеци. Ова е втора оставка во таборот на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ откако министерот за поморство, сообраќај и инфраструктура, Златко Комадина се повлече од здравствени причини.

Перцепциите дали и колку хрватската демократија е понапредна од нашата, се различни. Сепак, последните примери во земјата која што од идната година станува членка на Европската унија, покажува голем напредок во демократските процеси.

Скандалот што веќе три дена ја тресе хрватската јавност изби на површина откако се дозна дека министерката Холи, му испратила и-меил на директорот на „Хрватски железници“, во која го „замолила“ да не и' дава отказ на секретарка, која била сопруга на нивен партиски колега.

„Апелирав човечки. Не го пратив писмото од службената адреса туку од партискиот и-меил и на партиски колега“, уште повеќе тонеше во кал Холи.

Нејзиниот апел не допре до срцето на директорот, кој, сепак, и' даде отказ. Но, неволјите за министерката почнаа откако јавноста дозна за спорното писмо. Следуваа жестоки критики од политичките противници, како и од невладиниот сектор, па оставка од неа побара и премиерот Милановиќ.

„Се утврди дека и-мејлот е испратен, таа призна дека го напишала, тоа така не се работи. Жал ми е, ама воспоставивме правила и ред што мора да се почитуваат“, рече претседателот на хрватската влада, пофалувајќи ја Холи дека пред скандалот успешно ги спроведувала владините политики. Министерката, пак, се чуди како и-меилот стигнал во јавноста.

Интересно што овој случај се надоврза на аферата во која центар на вниманието е токму Милановиќ. Имено, премиерот минатата недела се одморал во викендичка на шефот на корпорацијата „Атлантик Груп“, Емил Тедески, кој важи за еден од највлијателните членови на Хрватската унија на работодавачи. Милановиќ смета дека јавноста не треба да знае како тој го минува слободното време и каде спие, бидејќи тоа е минимум приватност.

„Јас сум личност под заштита, 24 часа дневно ме чуваат службите и се знае каде одам. Да има потреба да се скријам, ќе се скриев. На местата на кои што одев предходно, ќе одам и во иднина. А, вие гледајте дали тие личности се донатори или во бизнис со партијата, дали се монополисти и како кон нив се однесува даночната управа“, се правда Милановиќ, објаснувајќи дека пред неколку дена даночниците тропнаа на вратата на Тедески, кој е еден од најбогатите луѓе на Балканот.


Статијата е прочитана 1991 пати.


Испрати коментар



Аргентина ги блокира Фокланди
Војна на Камерон и Меркел
Чиле пак на нозе против Пиноче
Норвешки танкер се судри со кит
Расте бројот на самоубиства меѓу американските војници
Венизелос ќе прави нова партија
Златна зора и' удри шлаканица на Грција

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 14°C

Понеделник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
„Мојот живот во мастило“ - изложба на фотографии од тетоважи
Изложбата трае до 26 мај и опфаќа 15 фотографии, од кои 5 црно-бели, а 10 во боја...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |