08.08.2012, 17:54 Нашите лекари ги нема во аферата на „Фајзер“ за подмитување?

Фармацевсткиот гигант ќе плати казна од 60 милиони долари за стопирање на тужбата дека подмитувал лекари од Хрватска, Србија, Кина, Бугарија
Јасмина Јовановска
Хрватска ја тресе афера откако американскиот производител на лекови „Фајзер“ се спогодил да плати казна од 60 милиони долари за да се стопира тужбата со обвиненија дека се подмитувале хрватски лекари за полесно да ги регистираат нивните лекови или ги стават на товар на државата. Во тужбата, која се однесува за период од 1997 година до 2001 година, а поднесена до Окружниот суд во Колумбија, стои дека оваа фармацевтска компанија на своите вработени во канцелариите на наведените држави ги овластила за готовинска исплата за подмитување и поттикнување за препишување на нивните лекови. Во ова афера, според последниот извештај на „Блумберг“, се вмешани и лекари од: Бугарија, Кина, Чешка, Казахстан, Русија и Србија. Тужбата, која е поднесена до Окружниот суд во Колумбија и се однесува за период од 1997 година до 2001 година, се наведува дека фармацевтска компанија своите вработени во канцелариите на наведените држави ги овластила за готовинска исплата за подмитување и поттикнување за препишување на нивните лекови.
На листата ги нема македонските лекари, што не значи, како што велат неофицијални извори, дека и тие не се офајдиле од фармацевсткиот колач, иако најголемиот дел од лекарите се задоволуваат со спонозорства од фармацевтските куќи за учество на конгреси. Посебно, коментираат во фармацевтските кругови, бидејќи тужбата се однесува за период од 1997 година до 2001 година, кога се' уште се применуваа старите закони за лекови и процедурите за регистрација на лекови беа долги и по неколку години.
„Не можам да тврдам дека тогаш немало вакви активности, но од 2007 година нема потреба од поткупување на лекарите. Ние сме организирана држава, имаме силно контролирани процедури и јасни закони, па за регистрација на лекови, како и за одобренијата за клинички студии не се чека повеќе од 30 дена, или најдоцна до два месеца. Ова посебно се однесува за мултинационални компании како „Фајзер“, на кои при регистрација на лековите најчесто им се признаваат сертификатите и испитувања од земјата производител, ако се на листата на признати земји. Дозволите за увоз, пак, се издаваат на дневна основа“, ни изјави вчера директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев.
Во Хрватска еден лекар, сопственик на болница, кој во 2002 година бил дел од хртватскиот Фонд за здравство јавно проговори за „Јутарњи лист“ дека поткупувањата на хрватските лекари, постојат и ќе постојат. Тој не е против сопонзорствата на фарамацевтските компании, зошто државата нема пари лекарите да ги праќа на стручни собири.
Со новиот Закон за здравствена заштита, кај нас по контрола се и спонзорствата што фарамацевстките куѓи им ги даваат на лекарите за симпозиуми и конгреси. „Со оваа новина уште повеќе се исклучува можноста за подмитување на лекарите“, додава Захариев.
Според регистарот на лекови на Бирото за лекови во нашата земја, „Фајзер“ досега кај нас има регистрирано 15 лека. |