Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Пожари во централна Русија однесоа осум животи

Раширени од силните ветрови, огнените јазици голтаа шуми и полиња

ВОРОНЕЖ - Шумски пожари се разгореа вчера низ централна Русија, при што загинаа најмалку осум лица и беа причина за евакуација на илјадници за време на најтоплото лето откако пред 130 години почна да се мери температурата. Раширени од силните ветрови, огнените јазици голтаа шуми и полиња, кои веќе беа спалени од топлотниот бран. Министерството за вонредни ситуации соопшти дека горат 866 квадратни километри, област со големина на Берлин. „Не знаеме каде да одиме“, вели Галина Шибанова (52), која стоеше пред изгорените остатоци од семејниот дом во градот Масловка во регионот Воронеж, на околу 500 км јужно од Москва. „Им се јавивме на службите за вонредни ситуации и никој не ни одговори на телефонските повици“, рече таа, додавајќи дека најмалку 50 домови се уништени.

Топлотниот бран ги опфати европските делови од Русија и Сибир уште од јуни, уништувајќи посеви и доведувајќи илјадници земјоделци на работ од банкрот. Како индикација за сериозноста на ситуацијата премиерот Владимир Путин ги откажа средбите во Москва и замина за Нижни Новогород, каде што најмалку 540 домови беа уништени, за да присуствува на вонредниот состанок со локалните официјални лица.

Повеќе од 1.100 куќи се уништени низ централна Русија, изјави Сергеј Шојгу, министер за вонредни ситуации, кој беше цитиран од руските новински агенции. Тој додаде дека 238.000 лица се ангажирани за да се справат со пожарите. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 296 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Затоплуваат односите меѓу арапските земји
БП по Мексиканскиот Залив ќе дупчи во Медитеранот
Италија во политички превирања
Србија сака да ги спречи другите сепаратистички обиди
Мајката ги убивала бебињата во Франција