Број 3347  сабота, 31 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Кристијан Стефановски

„План Б продукција“

Време е за големото финале - денот кој со нетрпение го очекувавме цело лето. Се' е во знак на вечерашниот концерт „Кад би био бијело дугме“ и настапот на тројцата легендарни пејачи Тифа, Ален и Жељко, со почеток во 20 ч. Очекувам голема посетеност на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид и атмосфера каква што знаат да направат само пејачите на „Дугме“.

Љупка Наумовска

Маркетинг-менаџерка во „Бимилк“

Ден за одмор. По успешно завршените дневни деловни обврски во Белград, денес сум дома во кругот на најблиските. Ќе уживам во утринското кафе и во олабавената атмосфера, малку ќе истражувам на Интернет, за навечер да го заокружам релаксираниот ден во некое скопско кафуле.

Кристијан Јованов

пејач

Денеска ќе испочитувам еден стар обичај што се практикува кај нас непосредно пред големиот празник Илинден. Заедно со другарите уште рано наутро заминуваме на Плачковица каде што ќе останеме цел ден. Секако, се подготвува скара, пијалак, има добра забава и дружење, кое продолжува вечерва со диџеј-забави во ноќните часови.


#
Статијата е прочитана 103 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Што прават денеска