Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
23.04.2012, 17:25

„Микросам“ ќе произведува машина за новиот руски авион

Во мај за Германија патува и нова технолошка линија за складирање гас

Прилепски „Микросам“, единствената компанија за производство на композитни материјали, склучи договор за дизајнирање машина за производство на делови за новиот руски комерцијален авион. Од компанијата засега не соопштуваат никакви детали за новиот странски партнер, руската компанија, за која ќе ги произведува деловите за новиот авион. Од друга страна, во мај годинава за германски партнер во 24 камиони ќе биде испорачана новата технолошка линија, најсофистицираната автоматска линија за производство на резервоари за складирање гас. Преку германските партнери оваа машина треба да биде извезена во Индија.

„Станува збор за автоматска линија од преку десетина машини, чија вредност со сертификацијата и во зависност од капацитетот на пазарот чини меѓу 6 и 20 милиони евра“, изјави Димитар Богданоски, менаџер за продажба во оваа прилепска компанија.

„Микросам“ може да се рече дека во изминатава децении успеа да ги освои сите, освен американскиот пазар, каде што според потпретседателот на компанијата има многубројни потенцијални партнери.

„Разговаравме со ’Боинг’ и со други фирми и наш впечаток е дека постојат можности за обемна соработка. Затоа до крајот на годинава планираме отворање на нов производствен погон за машини. Паралелно размислуваме и за нови околу 30 вработувања. Од нив секако половината би биле високостручни кадри“, истакнува Самоил Самакоски, потпретседател на „Микросам“.

„Микросам“ е ретко успешна македонска компанија. Концептот на успехот се крие во професионалноста и посветеноста на инженерскиот кадар, а според потребите на фирмата и при реализација на одредени проекти се ангажираат високостручни кадри од високообразовните и научни институции.

„Иако сме побарале, досега не сме добиле никаква финансиска поддршка од државата. Сепак, со успех ги реализираме сите наши планови. Сакаме да покажеме дека има голем кадровски потенцијал во нашата околна, во Македонија. „Микросам“ работи за да го ангажира тој кадар. И во рамки на Институтот за роботика и современи композити, а особено во „Микросам- академијата“ се образуваат многу кадри за машински помошници, програмери и математичари, најголем дел од нив се вработуваат во Микросам“, вели Самакоски.

Главната дејност на „Микросам“ е дизајнирање и производство на современи компјутерски управувани машини со висока технологија за производство на композитни материјали. Во изминатите 22 години од постоењето „Микросам“ има испорачано преку 140 производни линии во 35 земји. Машините што ги изработува тим од триесет инженери и конструктори се продаваат во земјите од ЕУ, Русија, Кина, Индија. (Мо.Т.)


Статијата е прочитана 2216 пати.


Испрати коментар



Кредитите се' потешко се враќаат
Денарите најпопуларни за штедење
Државата не сака да се ограничува во должењето
По 1.500 евра за нов вработен - слаба провокација за фирмите
За една година нов долг од близу 700 милиони евра



Aleksandar Atanasov, 24.04.2012 08:13:03
авионот за кој ке произведи МИкро Сам машини е Сѕхој 300, Првиот комерцијален авион на Сухој наменет за кратки дестинација и за околу 100 патници

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Понеделник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Каде се пресели ВМРО-ДПМНЕ?
Новата (привремена) адреса на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу населбите Капиштец и Козле, кај зградата на „Бетон“, во близина на Минис...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |