Убиен гувернер и уште 22 лица во Ирак
РАМАДИ - Најмалку 23 лица загинаа во два самоубиствени бомбашки напада во централниот ирачки град Рамади, но има контрадикторни информации за судбината на гувернерот на провинцијата. Полицијата и државната телевизија соопштија дека гувернерот на Анбар, Касим Мохамед, е мртов, иако неговиот заменик изјави дека тој бил само повреден. Нападите се случија во краток временски интервал на иста улица во главниот град на провинцијата. Аналитичарите вината за последните напади во Ирак ја гледаат во Ал Каеда. (Би-Би-Си) |