Број 2544  понеделник, 26 ноември 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Фељтон
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Шарена

Во Истанбул шест медали за филателистите од Македонија

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Четворицата македонски филателисти членови на друштвото „Скопје“ постигнаа голем успех на меѓународната филателистичка изложба „Балкан-фила 2007“ што се одржа во Истанбул. На оваа традиционална изложба, една од најпознатите во Европа, филателистите од Македонија за своите тематски колекции на марки освоија дури шест медали, првпат откако изложуваат во Истанбул.

Сребрени медали освоија Стеван Савевски, инаку претседател на Сојузот на филателистите на Македонија, со тематската збирка на марки „Изданија на марки за воздушна пошта во Советскиот Сојуз во периодот од 1922 до 1938 година“. Со сребрен и бронзен медал се закити Климе Поповски со интересна тема на својата колекција. Првата „Свети Кирил и свети Методиј Словенски, учители и патрони на Европа“ (сребрен) и „Првите марки во Република Македонија - симбол на државноста“ (бронзен).

Синиша Павлески, инаку претседател на друштвото во Истанбул, освои два бронзена медала: неговите теми беа „Хокеј на мраз“ и „Петел“, додека четвртиот бронзен медал за македонските филателисти му припадна на Горан Чурукоски со темата „Јаболко“.

Ова е втор успех годинава за македонските филателисти, бидејќи минатиот месец на меѓународната изложба „Третје окно“ во Крањ Синиша Павлески доби златен медал, прв во историјата на Сојузот на филателистите на Македонија со колекцијата на марки „Папагали“, додека Димитар Свирков освои сребрен медал. Неговата тематска збирка беше „Развојот на мечувањето“.

По овие големи успеси, кои покажаа дека филателистите од Македонија поседуваат вредни и интересни колекции, нов предизвик за нив ќе бидат меѓународните изложби во Прага и во Виена идната година, за кои веќе почнаа да се подготвуваат со новите серијали, за кои тврдат дека ќе предизвикаат интерес кај филателистите во Европа.


#
Статијата е прочитана 934 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubitel
Датум: 26.11.2007 08:07:33
Super be batki, dosta bese samo za ubistva i za apsenja da se pisuva
Од: Ѓорѓи Најдовски
Датум: 26.11.2007 08:23:49
Синиша Павлески е во црвено палто на сликата.
Од: rolf.marstrander@dnbnor.no
Датум: 26.11.2007 10:12:04
BRAVO SINISA. My Gratulations to you. Greetings from Rolf Marstrander Norveska.
Од: Bitola
Датум: 26.11.2007 11:31:40
Честитки, Ви посакувам продолжување на успехот и понатаму да слушаме за вакви па и подобри успеси

Најди! во Утрински
Шарена
Лабина Митевска заштитно лице на кампањата за борба против насилството врз жените