Број 3204  вторник, 09 февруари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Корупцијата се спречува со неселективност

Корупцијата ги напаѓа сите општества и економии, а може да се спречи со неселективност, професионализам и со меѓународна соработка. За успешна борба не е потребна само правна рамка, туку политички, културен и вредносен систем во кој корупцијата ќе се препознава како општествено зло. Ова, меѓу другото, беше потенцирано на вчерашната меѓународна работилница на тема „Судир на интереси и имотна состојба“ што ја организира Државната комисија за спречување корупција и инструментот TAIEX на Европската комисија.

„Ако сакаме да зборуваме за правна држава, демократија, тогаш е потребно доследно спроведување на законите, на сите нивоа и неселективно. Кога зборуваме за градење институции, треба да се обезбеди нивна финансиска независност. Кога зборуваме за превенцијата, неопходен е систем во кој корупцијата ќе се гледа како општествено зло кое треба да се превенира и санкционира. Во таа насока голема одговорност имаат функционерите, кои во своите одлуки треба да поаѓаат од јавниот интерес, заснован врз правните прописи и да се издигнат над своите лични и партиски интереси“, нагласи претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

На меѓународната конференција учествуваат експерти и претставници на надлежни институции од Македонија, Франција, Романија, Летонија, Словенија, Хрватска, Турција, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово кои ќе дискутираат за најдобрите начини во справување со судирот на интереси и борбата против корупцијата.

За Патрик Пакет, претставник од Европската комисија во Македонија, значајна улога во борбата против корупцијата има спроведувањето на законите, но како дел од превентивните мерки треба да се зголеми професионализмот на јавната администрација, но и на избраните и именуваните функционери.

„Во спречувањето на судирот на интереси и во борбата против корупцијата, треба да се пристапи внимателно, со обезбедување на сите неопходни факти до кои понекогаш е тешко да се дојде“, смета претседателката на ДКСК, Мирјана Димовска. (К.Ч.)


#
Статијата е прочитана 509 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 09.02.2010 08:39:07
Za nekoi aferi i skandali fakti ima na sekoj cekor. I decata od osmoletkite znaat sto e sto i koj e koj. Neznam kako toa samo ovaa Dimovska nemozela fakti da najde i sobere.
Од: Трпе
Датум: 09.02.2010 15:32:18
Што зарем функционерите од власта ,треба сами да се затварат.

Најди! во Утрински
Политика
Притисок за откажување на промоциите на СДСМ
Фантомска фирма го гради хотелот зад „Рамстор“
Се токми информатички факултет и во Скопје
До кога ќе се чека на лото и на бинго?