Број 2887  четврток, 15 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Култура

Почнува саемот на книга во клубот „Матица“

Под мотото „Книга во секој дом“, на читателите ќе им бидат понудени 5.000 наслови со просечна цена од 169 денари

Невена Поповска

Од 21 јануари во Клубот „Матица“ почнува традиционалниот зимски саем на книгата. На овој саем што „Матица“ го организира по деветти пат, на читателите ќе им бидат понудени повеќе од 5000 наслови од белетристика, уметност, архитектура, дизајн, економија, маркетинг, менаџмент, историја, филозофија, право и политика, готвачи и гастрономски прирачници од сите кујни во светот, речници и лексикографија, музика и филм, медицина, книжевност, детска литература, друштвени и креативни игри итн.

Според организаторите, на саемот ќе бидат застапени и книги од позначајните македонски издавачи, како и над 2000 наслови по симболични цени од познати американски, британски и германски издавачки куќи. Дел од саемот, кој ќе се реализира под мотото „Книга во секој дом“ ќе бидат и најновите изданија на големите издавачи од Србија и Хрватска, а посебно место на оваа книжевна манифестација ќе имаат македонските автори со нивните најнови дела. Во таа насока организаторите предвиделе одржување на средби со македонски автори и промоции, кои секојдневно ќе се одвиваат во просториите на Клубот „Матица“ во периодот од 8 до 21 часот.

Впечатокот на организаторите е дека нивниот проект- Зимскиот саем на книга, ја остварува својата цел како книжевна манифестација, а тоа е да ја направи книгата достапна за сите граѓани во Македонија. „Саемот ’Книга во секој дом’, опфаќа повеќе градови во Македонија, и во изминативе девет години бележи тренд на сериозно зголемување на бројот на посетители и бројот на продадени книги. Според нашата статистика, на првиот саем организиран во 2001 година беа продадени 7.000 книги и имаше посетеност од 3.000 читатели, додека во 2008 година продажбата достигна 80.000 книги, а посетеноста беше зголемена за повеќе од дваесет пати, односно 60.000 посетители. Ваквите оптимистички бројки покажуваат дека македонските граѓани се образовани, ја сакаат и почитуваат литературата и ги следат светските трендови во сите области“, соопшти Дејан Павлески од „Матица“ на вчерашната прес-конференција.

Во текот на саемот ќе се реализираат неколку промоции со следниов редослед: на 20 јануари ќе биде претставено делото „Мишел Обама грациозност и интелегенција во време на промени“ од Елизабет Лајгтфут, следниот ден е резервиран за промоција на отсега ексклузивниот автор на „Матица“, Блаже Миневски, а ќе биде промовиран романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“. На 23 јануари пред читателите ќе биде претставен романот „Проколната земја“ од Мирон Динков, а на 26 јануари „Светиот шепот“ од Константин Кајшаров. На 27, 28 и 29 јануари ќе бидат претставени следниве наслови: „Спомените за Споменка“ од Горјан Петревски, „Историја на Македонија“ од Георги Радулов Радуле и „Мојот Скендербеј“ од Драги Михајловски.

Авторот Блаже Миневски изрази благодарност што издавачката куќа „Матица Македонска“ во акцијата го земала предвид неговиот роман „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“. „Се надевам дека годинава бројката од 80.000 продадени книги можеме да ја заокружиме на 100.000. Оваа акција во ’Матица’ со приближување на книгата кон читателите со 80.000 купени книги минатата година е една наша квалификација да излеземе надвор и да бидеме рамноправен натпреварувач на полето за културен натпревар во Европа“, изјави Миневски.


#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: Sanja
Датум: 15.01.2009 13:03:55
Bravo za Matica! Edinstveno Matica ostana verna na svoite citateli. Zosto? zatoa sto znae da gi pocituva i najkulturno da gi pokani svoite citateli so karticka po meil ili na domasna adresa,ne zaborava da im cestita i rodenden so karticka ! Ednostavno se grizat za svoite citateli! Grizata ja pokazaa i so objavuvanjeto na romanot na Minevski koi ima najoriginalen naslov vo maked. literatura. Uste ednas bravo za Matica

Најди! во Утрински
Култура
Македонски автори на најактуелниот американски поетски портал
Изложба на фотографии на унгарскиот уметник Јанош Ејферт
Спомен-домот на Мајка Тереза - хедонизам наспроти скромност
„Јас сум од Титов Велес“ испадна од трката за „Оскар“
Со две претстави Драмски ќе гостува на „Сараевска зима“
Танго-музика со Македонската филхармонија
Во Драмски започнаа подготовките на „Жената како воено орудие“
Вечер на новореставрирани филмови во Кинотека
Денеска завршува конкурсот за „Роман на годината“