Број 2977  вторник, 05 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Македонските филателисти на европската изложба во Софија

Најпознатите филателисти од Македонија со своите колекции ќе учествуваат на европската филателистичка изложба „Софија 2009“, што ќе се одржи од 27 до 31 мај. На изложбата ќе настапат колекционери од 38 држави во Европа.

Комесар на изложбата од Македонија ќе биде Горан Стефановски. Во организација на Филателистичкиот сојуз на Македонија, во Софија ќе настапат шестмина наши најпознати филателисти со своите збирки.

Горан Стфановски ќе ја претстави својата колекција на марки на тема „Пеперутки“, Горан Чуруковски - „Јаболко“, Синиша Павлевски - „Папагали“, Дончо Георгиев - „Нафта“, Климе Поповски со својата позната колекција „Св. Кирил и Методиј“ и Красимир Трајков на тема „Брана ’Козјак‘“.

Сите овие филателисти досега имаат освоено повеќе медали и награди на најпознатите изложби што ги има организирано Европската филателистичка федерација. (М. М.)


#
Статијата е прочитана 682 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Иван Петрушевски освои награда во Грција за најдобар дизајн на маица
Скопје ќе ја дели магијата со славниот Бољшој оркестар
Награда „Роберт Бош“ за анимираниот филм „Алерик“ на Вук Митевски
Со огнениот спектакл „Крилја во оган“ почнува „Лица без маски“
Најубавите љубовни писма на великаните
Експериментални димензии на современиот танц