Број 3341  сабота, 24 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Владата ќе се изјаснува за пакетот мерки од ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија соопшти дека пред почетокот на летните одмори Владата ќе се произнесе за пакетот антикризни мерки предложени од Синдикатот. „Очекуваме кон крајот на јули, по формирањето на економско-социјалниот совет, Владата на првата седница да се произнесе за мерките што ги понудивме, со цел економската криза да не стане социјална“, рече Живко Митревски, в.д. претседател на ССМ.

Од Синдикатот изјавуваат дека пакетот мерки требаше порано да се предложи, но не сметаат дека е задоцнет, како што рече министерот за финансии Зоран Ставрески. „Премиерот Никола Груевски изјави дека голем дел од мерките ќе бидат анализирани. Новото раководство веднаш реагираше со мерките за подобрување на работничките права, се надеваме дека во најбрз можен рок Владата ќе се произнесе за нашите барања“, изјави Митревски.

На почетокот на јули ССМ предложи пакет мерки за скратување на работното време, субвенционирање од страна на државата во случај на принудни одмори, исплата на работниците од државниот буџет.

Предложи и дополнителни мерки за подобрување на инвестиционата клима во државата, поддршка преку субвенционирање за зачувување на работните места во секторите на економијата, посебно во производството на метали, текстилната индустрија, градежништвото, земјоделството и други гранки, создавање услови за утврдување минимална плата.

Во петокот ССМ изјави дека Синдикатот, со решение од Министерството за труд и социјална политика, освен во приватниот, станува репрезентативен и во јавниот сектор на национално ниво.

Во гранковите синдикати репрезентативни се во 85,80 отсто и тоа во градежниот сектор, здравството, агро синдикатот, во рамките на текстилната индустрија, енергетиката и комуналните дејности и угостителството. (Ек.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 24.07.2010 07:19:46
Нека се засрами синдикатот, ќе ги спасува работниците со тоа што ќе им се намалувале платите, кога сите трошоци растат? Срамно и жално...Кој уште е член на вакви синдикати кои дозволија работничките права да паднат на најниско ниво...

Најди! во Утрински
Економија
Странците предупредуваат, Груевски не се плаши од рецесија
Премиере, нека ми го вратат милионот што ми ги должат
Буџетскиот дефицит речиси 100 млн. евра
Што смеат да емитуваат кабелските
Во Хонг Конг шопинг под закана
Власта во обрач, Груевски бара излез
Ќе паѓаат продажните цени на готовите производи