Наместо подарок, стек и секс за Св. Валентин

Каде, кога, колку често и со кого? Познатиот германски весник „Ди велт“ направи список на 222 факта врзани за сексот. Каде најчесто се практицира секс, зошто жените доживуваат повеќе оргазми за време на менструалниот циклус, што прават мажите пред првиот состанок, кој ги пере валканите алишта... Одговорите
на овие и на слични прашања следуваат подолу во текстот.
- Луѓето што редовно гледаат порно филмови сметаат дека нивните партнери во реалноста се помалку секси, без оглед на тоа колку се атрактивни.
- На обрежаните мажи им треба подолго време да доживеат оргазам за разлика од „несечените“, се вели во испитувањето на Американската медицинска асоцијација.
- Секој четвртти маж се обидел да има соло орален секс. (ФХМ)
- Французите го нарекуваат оргазмот „la petit mort“- мала смрт.
- Шеснаесет проценти од младите Американци имаат секс како чин на одмазда.
- Сексомнија е термин што го користат американските научници за луѓе што изведуваат сексуални активности несвесно додека спијат. Спектарот се движи од мастурбација до сексуален чин. Околу 80 отсто од сексомнистите се мажи. (Journal of Clinical Forensic Medicine)
- Дваесет и шест проценти од мажите се спремаат за првиот состанок правејќи го следново: ги мирисаат своите алишта за да се осигурат дека ништо не смрди. (NPN)
- Спалната соба е најчестото место каде што се практицира секс, а на второ место е автомобилот. („Космополитен“)
- Четириесет и девет проценти од Германците се уверени дека премалку секс води до афери. („Fur Sie“)
- Да се побара телефонски број е една работа, но што потоа? 44 отсто од мажите велат дека треба да се чека најмалку три дена пред јавување. Јавувањето порано од три дена, едноставно не е кул. (NPN)
- Секој знае за Денот на вљубените Св. Валентин. Но, во САД мажите имаат сопствена верзија наречена „Steak and Blowjob Day“. На 14 февруари нивните партнери треба да им заблагодарат на подароците со стек и со орален секс.
- Во повеќето случаи кога двојка живее заедно, жената се грижи за перењето на валканите алишта.
- Жените доживуваат оргазми почесто за време на циклусот, бидејќи во тоа време циркулацијата на крвта е зголемена.
- Колку имаш повеќе оргазми, толку си постар. („British Medical Journal“)
- Студија во Нов Зеланд открива дека младите жени што имаат пирсинг ги менуваат почесто своите сексуални партнери отколку останатите жени. (University of Otago Medical School) |