Број 2921  среда, 25 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Новиот албум на „Баклава“ на концерт во Универзална сала

Со концерт во Универзална сала, кој ќе се одржи на 1 март, етно составот „Баклава“ ќе го промовира второто ЦД „Калемар“. На концертот, премиерно, ќе биде изведен во целост нивниот нов албум кој веќе има и еден видео запис, за првата тема „Твојте очи Лено“. Новото ЦД е наречено „Калемар“ зашто музиката што ја создава „Баклава“ е „накалемена“ на традиционалната македонска песна, велат од „Баклава“.

На концертот, кој се совпаѓа со верскиот празник Прочка, ќе гостуваат и неколку музичари кои учествуваа во изготвувањето на „Калемар“. „Концертот ќе биде посветен на музиката, а не на специјални гости или ефекти. Очекуваме минимализам, без многу помпа, какви што се впрочем и нашите песни“, вели Дејан Сибиновски, член на „Баклава“.

„Баклава“ постои од 2003 година. Првиот концерт го одржа во 2005 година, во киното Фросина, од кој како запис излезе првиот албум „Баклава“, што, исто како и новиот, го издаде Скопскиот џез фестивал. Членови на составот се: Дејан Сибиновски, Елена Христова,Никола Николов и Владимир Мартиновски.

Етно составот планира мини турнеја низ Македонија на пролет, а најавени се и неколку гостувања во странство. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Поддршка за филмовите на Митревски, Ристовски и Деспотовски
Поетско-музичка вечер во КИЦ
Промовиран првиот роман од Илхами Емин
Три нови изданија за Охрид
Промоција на книга од Владимир Георгиевски