Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.06.2012, 18:08

Лет во смрт на тројцата другари

Конопница во шок по смртта на трите момчиња што загинаа во излетан автомобил

Горан Адамовски


КОНОПНИЦА - Дејан (30), Ивица (25) и Новица (29) се другари од детството. Заедно учеа што е живот, се подготвуваа за предизвиците што им претстојат, планираа семејства и удобен живот. Нивните соништа се разлетаа во атарот на нивното родно село Конопница кај Крива Паланка. Ноќта спроти неделата излетаа со автомобилот во кој се враќаа од град. Загинаа тројцата. Нивните тела сега почиваат еден до друг на локалните гробишта.

Конопница вчера беше најтажното место во светот. Се подготвуваше погребот на тројцата другари. Се проколнуваше судбината, зборовите тешко се кажуваа, а солзите сами паѓаа. Браќата Ивица и Новица Стојановски им ги скршија срцата на татка си, средниот брат и сестрата.

„Тоа не беа деца, туку ангели. Културни, насмеани, ниту пиеја, ниту правеа проблеми. Од мали останаа без мајка, татко им се мачеше да ги изгледа четирите деца. Средниот брат се ожени, тука остана да живее, во куќата со нив, а ќерката се омажи. Планиравме свадби да им правиме, а не погреби“, се јадосуваат блиските на семејството.

Двајцата браќа биле вредни и работливи, не им било тешко ништо, но постојана работа немале. Биле и во Русија да работат како градежни работници. Биле изманипулирани и по два месеци се вратиле дома. Едниот брат неодамна си дошол од Црна Гора. Планирале да заминат во Германија и таму да спечалат пари, а потоа, како што е редот, да формираат семејство.

Еден километар од куќата на Стојановски, живее семејството Николовски. Река од луѓе се слеваа да му изразат последна почит на несреќно загинатиот Дејан. И за него можеа да се слушнат само убави зборови.

„Беше сообраќаен инженер, се вработи како професор во гимназијата во Крива Паланка, но подоцна предметот беше укинат, па Дејан остана без работа. Отвори фирма за компјутери, ама немал к‘смет да продолжи да живее и да си ги оствари желбите и плановите“, раскажуваат другарите на Николовски.

Трите момчиња загинаа на околу четири километри од нивните домови. Во саботата вечерта, излегле да се забавуваат во Крива Паланка. Околу два часот по полноќ во неделата се случи злокобната случка. Враќајќи се, Николовски, кој управувал со „тојота корола“, изгубил контрола над автомобилот, по што паднале во бездна длабока десетина метри. Браќата починале на самото место, додека возачот им подлегнал на повредите на пат кон Клиничкиот центар во Скопје, соопшти полицијата.

Местото на несреќата е оддалечено околу два километри од Крива Паланка. На асфалтот и вчера ги имаше белите траги оставени од увидната екипа, со кои се нацртало движењето на возилото. Под патот, пак, има грмушки и трева, а автомобилот паднал дури до игралиштето за фудбал. Возилото, веројатно, ги прелетало грмушките. Земјата, каде што паднала „тојотата“ е потисната. Околу може да се забележат остатоци од лимената конструкција на автомобилот.

„Ова е трагедија. Можеби брзо возеле, којзнае, можеби ќе се задржале на грмушките, ама сега веќе е доцна, отидоа децата, се' друго е неважно“, коментираат жителите во околните куќи.

Кои биле причините за несреќата се' уште се утврдува. Засега се' е во доменот на шпекулациите. „Ниту се тркале, ниту, пак, биле пијани. Полицајци што вршеа увид ни кажаа дека наишле на ‘сканија‘ што ги заслепила“, зборуваа блиските на семејството Стојановски.

Патот Конопница - Крива Паланка, всушност, е истиот пат што води од Куманово. Асфалтиран е, дупки нема, но не е многу широк. Жителите на околните села се жалат дека навечер не е осветлен како што треба, бидејќи нема осветление на сите бандери. Делницата кај Конопница ги крие причините за смртта на тројцата другари и им ги одзема нивните соништа.




Статијата е прочитана 5309 пати.


Испрати коментар



Горештините го вжештија телефонот на Итната помош



amela jakupi, 19.06.2012 08:37:41
se custuvam so nivna familija .neka gi e laka zemja .zalosno.tiee ne umrea tie ,odletea kako engeli kon GOSPOD.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ИНТЕРВЈУ) Мајсторството во сликарството секогаш подразбира истражување
Академскиот сликар Борис Петров презентирал на 23 самостојни изложби во земјава и во странство и на многубројни групни п...
Научниците ја открија планетата на Ајнштајн
Специјалната теорија за релативитетот на Ајнштајн се покажа покорисна од кога и да е, бидејќи научниците со нејзина помо...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |