Коските на „Славе“ од неолитот на ДНК-анализа во Велика Британија
Антрополошката анализа е направена во Музејот на Македонија
Иван Бојаџиски
Web Update
Славе боледувал од артритис, покажа антрополошката анализа
Штип- Антрополошката анализа потврди дека скелетот пронајден на локалитетот „Грнчарица“ е од машки пол. „Славе“, како што го нарекоа археолозите, бил на возраст од 45 до 50 години.
Според анализите што ги направи антропологот Фаница Вељановска, „Славе“ боледувал од артритис и анемија, имал само еден расипан и еден изваден заб. Но сите предни заби му се истругани до корен затоа што веројатно ги користел за придржување или влечење на некое орудие.
- Староста на „Славе“ според опкружувањето може да се смести дури во мезолитот, значи уште порано од 7000 години п.н.е, но тоа прецизно ќе го утврди ДНК анализата што ќе се прави во Англија, рече м-р Трајче Нацев, археолог виш конзерватор од Музејот во Штип. Најстариот жител на Македонија беше откриен при ископувањата околу трасата на цевководот Злетовица. (МИА)
ШТИП - Најстариот и најславен скелет, популарниот Славе, пронајден пред еден месец на археолошкиот локалитет Грнчарица во близина на Штип, бил од машки пол и починал на возраст од 45 до 50 години. Зачуваните остатоци од скелетот потврдуваат дека на Славе му недостигал само еден заб, а дека само на еден заб имал кариес. Предните заби биле со екстремна абразија, што упатува на сознание дека биле користени за придржување на некое орудие. Оваа констатација стои во антрополошката анализа направена во Музејот на Македонија од антропологот Фаница Вељаноска.
Меѓутоа, остатоците од покојникот за кого се смета дека живеел најмалку 6.000 години пред новата ера и самото наоѓалиште - населбата Грнчарица наведуваат на индиции дека се многу постари отколку што се мисли. Најнова претпоставка е дека можеби потекнуваат од мезолитскиот период. За да се добијат точни информации за староста на коските, ќе биде направена ДНК-анализа во некои од англиските институти. Со тоа ќе се потврди и хронолошката детерминација на локалитетот Грнчарица.
„Никогаш не рековме дека нашиот Славе е најстар скелет ископан на почвата на Балканот, туку дека е најстар скелет ископан на теренот на една праисториска населба во Македонија. Многуте предмети пронајдени на Грнчарица ни даваат за право животот на покојникот да го сместиме уште подлабоко во минатото, во мезолитскиот период“. Ова го тврди м-р Трајче Нацев од штипскиот музеј, кој раководи со проектот „Заштитни археолошки ископувања на локациите загрозени со изградбата на хидросистемот ’Злетовица’“.
Притоа, објаснува дека на такво нешто упатуваат многу податоци. На пример, печката вдлабната во камен, слабо печениот керамички материјал говори за раните почетоци на керамичката индустрија, како и каменото орудие ископано во населбата кое луѓето од тоа време го имале во изобилство.
Според Нацев, сите овие елементи даваат индиции дека откриениот покојник и населбата Грнчарица може да се смести уште подлабоко во минатото, односно во мезолитскиот период. Тој најавува дека веќе биле воспоставени контакти со амбасадата на Велика Британија во нашава земја за нивна поддршка и помош во испраќањето примерок од коските на скелетот. Целта е во некој од тамошните институти да биде направена ДНК-анализа. Така ќе се добијат точни информации за староста на коските, а со тоа ќе се успее хронолошки да биде детерминирана населбата Грнчарица.
„Сите досегашни сознанија ни даваат една нова насока. Временската рамка со сигурност да можеме да ја спуштиме подлабоко во времето од она што ни го овозможуваа досегашните сознанија. Или дека човекот на просторот на Брегалничкиот басен бил присутен и порано од досега утврдениот период од 6.000 години пред новата ера. Археолошките истражувања во минатото, како и тие што се прават сега индицираат дека Брегалничкиот басен, со источниот дел на Македонија, бил мошне населен со праисториски населби за разлика од западниот дел на нашава држава“, потенцира Нацев.
Во целата оваа ситуација е најден неопходниот јазик за спојување на потребното и корисното, на минатото и сегашноста. Имено, бидејќи новите археолошки локалитети се на самата траса на која требаше да минува цевководот за Штип и Свети Николе од ХС „Злетовица“, има поместување за триесетина метри западно. Новата траса не навлегува во пределите богати со археолошки наоѓалишта, а хидросистемот нема да има застој во изградбата.
Ne e tocno deka se vikal Slave,zatoa sto mozebi se vikal Makedon sto znam deka to toa ne bil Makedon,ama stom tolku opstoil izgleda ne mozete da utvrdite godinata na negovata smrtt,pa taka Slave,dajte nekoj sto znae.Slave i se vika na taa zenata arheologot mash e.......
Од: Дордо
Датум: 12.04.2008 21:18:01
Почитуваниот светски познат антополог Фаница Велњановска, алал да и вера, само од два заба, без ДКН и други лабораториски претраги ја одреди староста на нашиот СЛАВЕ. Само заборави да додаде дека е роден околу Штип, долги години одгледувал тутун и афион, неколку години работел во „Македонка„ како бригадир. А дури неколку милинеуми завршил ГЕОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ и кога решил да умре отишол во Грначарица... Е антрополози, антрополози како убаво звуги антрополог, само толку...