Број 2665  четврток, 17 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Македонски телекомуникации“ се ребрендира во „Македонски телеком“

Граѓаните ќе имаат можност да одберат дали ќе сакаат само фиксен телефон, Интернет или ИПТВ

„Македонски телекомуникации“ од 1 мај годинава ќе добие ново трговско име - „Македонски телеком“. Ова вчера свечено беше најавено од менаџментот на компанијата. Освен новото име, „Македонски телекомуникации“ го најавија и влезот на светски познатиот „Т-хоум“, бренд на „Дојче телеком“ на македонскиот пазар. „Т-мобиле“ брендот се однесува за понуди од мобилната телефонија, а „Т-хоум“ за фиксната телефонија и забава во домовите. Под брендот „Т“, компанијата ќе им понуди на своите корисници широк спектар на телекомуникациски услуги, но и нови цени. Согласно со ребалансот, некои цени ќе бидат повисоки, а некои разговори ќе бидат бесплатни.

„Граѓаните ќе имаат можност да одберат дали ќе сакаат само фиксен телефон, дали Интернет, или ИПТВ. Во контекст на тоа ќе се коригираат и цените на некои разговори, па на пример оние што ќе разговараат од 19 часот попладне до 8 часот изутрина ќе можат да го прават тоа бесплатно“, изјави Николај Бејкерс, главен и извршен директор на МТ. Бејкерс најави и намалување на интерконекциските цени заради фер конкуренција.

„Го носиме брендот ’Т-хоум‘ за да им овозможиме на корисниците слободен пристап до најновите светски достигнувања во сферата на модерните телекомуникации. Ќе овозможиме избор, затоа што некои корисници имаат потреба само од фиксна телефонска линија, а други бараат комбинација на фиксна линија, брз пристап до Интернет и интерактивна телевизија“, изјави Бејкерс.

Процесот на ребрендирање се планира да заврши во мај годинава. Ребрендирањето, како што рече претседателот на одборот на директори на компанијата Жарко Луковски, ќе чини неколку милиони евра, а целиот трошок ќе падне на товар на централата „Дојче телеком“. По повод ребрендирањето, на Светскиот ден на телекомуникациите - 17 Мај, на Градскиот плоштад во Скопје „Македонски телеком“ организира прослава на која ќе настапуваат „Шугабејбс“. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1148 пати.

Испрати коментар

Од: филипп
Датум: 17.04.2008 09:23:36
Еве уште еден начин како да се поскапат телефонските разговори. Ќе ги намалиме кога никој не разговара а ќе ги поскапиме кога разговараат. И ќе има посебна цена доколку сакаш и интернет по истата линија, што ќе биде уште една пречка за конкуренцијата како што е оннет. Значи телеком ја злоупотребува монополската позиција што ја има благодарение на фиксната мрежа. За тоа кој ќе ги поднесе трошковите се знае само на подолг рок. На нас ќе ни остане славењето. Порака до владата: направете нешто во однос на монополот на телеком.

Најди! во Утрински
Економија
Ќе се гради далновод од Ниш до Македонија
Ако сакаат профит, сточарите да го подобрат квалитетот на млекото
Министерството за здравство врши партиски вработувања
Хидропотенцијалот зголемен за 135 отсто
Земјоделците пак не можат да се осигуруваат
Владата ќе увезува пченица
Нафтата со нов рекорд од 114,49 долари
Донација на „Космофон“ за Клиниката за гинекологија
Нова рекордна вредност на еврото во однос на доларот
Продолжува паниката на Љубљанска берза