Број 2738  среда, 16 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Владиниот тим во поход за лечење на економијата

Владата ветува дека ќе работи на подобрување на конкурентноста и раст од 5 до 6 отсто

Александрија Стевковска

Владата, поточно министрите задолжени за спроведување на економскиот дел од програмата на партијата на власт, најавуваат дека следниве четири години ќе се фокусираат на борбата за енергетски развој, макорекономската стабилност, подобрување на бизнис-климата, привлекување странски директни инвестиции. Новата влада предвидува економски раст од 6 до 8 отсто, намалување на придонесите, намалување на невработеноста, подобрување на бизнис-климата, зголемување на приливот на странски инвестиции. Во владината програма се предвидени повеќе енергетски проекти, кои се врзани со рокови, изградба на коридорите 8 и 10, реконструкција на регионални и локални патишта, модернизација на железничкиот сообраќај.

„Еден од приоритетите на владата е воведувањето исплата на бруто-плати, од кои потоа ќе се плаќаат придонесите на вработените. Се планира и намалување на придонесите за здравствено и пензиско осигурување, но ќе се обидеме прво да ја воведеме практиката за исплата на бруто-плати, а потоа да се намалат придонесите, како придобивката од оваа мерка би отишла во рацете на работниците, а не на бизнисмените“, велат во владата.

Ваквата најава практично ги минира првичните најави дадени во „Преродбата во 100 чекори- надградена и проширена“ со која воведувањето на системот на бруто-плати е предвидено за 1 април идната година, а намалувањето на придонесите за почетокот на 2009, што беше во полза на сопанствениците.

Покрај исплата на бруто-плати, во економскиот дел новата влада ќе се фокусира на зголемување на конкурентноста на македонските производи и намалување на трговскиот дефицит. „Во наредниот период мора да работиме на обезбедување препознатливост на македонските производи, зголемување на нивната конкурентност, надминување на административните бариери за извоз, либерализација на пазарите за труд“, вели кандидатот за министер за економија, Фатимир Бесими.

Според него, владата треба да обезбеди можност за креативност на приватниот сектор, што ќе овозможи создавање иновативни и конкурентни производи.

„Не би сакал да прејудицирам кои сектори би се поддржувале, бидејќи треба да се обезбедат еднакви услови за работа. Пазарот е тој што ќе одреди кој сектор ќе биде водечки и кој ќе се наметне со својата конкурентност како еден од формите за намалување на трговскиот дефицит. Сепак, еден од начините за постигнување на таа цел е добра институционална поставеност која ќе овозможи легитимирање на конкурентноста“, додава Бесими.

Во услови од недостиг на струја и континуиран раст на цената на енергијата, владиниот економски тим најавува инвестиции во алтернативни извори на енергија. Новата влада во својата програма најави конкретни проекти како да се надмине кризата со енергија, преку гасифицирање на поголем дел од државата, нови руднички капацитети, изградба на комбинирана електрана-топлана, изградба на големи и мали хидроцентрали преку концесии, реализација на проектот Вардарска Долина, модернизација на ТЕЦ „Неготино“.

Според Бесими, треба да се инвестира во производните капацитети на хидро и термоцентралите како „Чебрен“ и „Галиште“, додека за ТЕЦ „Неготино“ која се продаваше во времето кога Бесими беше министер, засега нема план да се бара стратегиски инвеститор.

„Ќе се потрудиме да се искористи рационално тој капацитет од аспект на поефикасна и поевтина електрична енергија. ТЕЦ „Неготино“ не се гледа како поединечен проект, туку во пакет со целиот енергетски сектор“, објаснува идниот министер за економија. 


#
Статијата е прочитана 731 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 16.07.2008 00:15:21
Da, da, so provokacii kon Grcija, Bugarija, EU, sigurno kje ja resi ekonomijata. Neo-komunjarot Gruevski se odnesuva kako da sme drzava so 10 milijardi ziteli, pa nema da ni' trebaat drugite.
Од: Nekoj
Датум: 16.07.2008 11:33:16
Izgleda ne mozhite da se pomirite so pobedata na Grujo... :)))
Од: Do nekoj
Датум: 16.07.2008 16:39:54
Izgleda deka ne moze da svatite deka ste na vlast.
Од: Aleksandar
Датум: 16.07.2008 17:15:46
Bravo Grujo, samo napred, so vakov narod me cudi zasto ne osvoi i 80 pratenika.

Најди! во Утрински
Економија
Кредитните картички и минусите најризични за банките
Четири фирми во трка за концесија за аеродромите
Турците заинтересирани за текстилот и за градежништвото
Австриската Штеирмаркише ја купува Инвест банка
Запленет фалсификуван кинески „ариел“
ОХИС во загуба близу 55 милиони евра